Во текот на месец октомври нашите волонтери Елена и Горјан беа дел од проектот за мобилност во областа на младите “Младинска превенција” во Марсеј, Франција. Заедно со млади од Шпанија, Естонија, Португалија, Чешка, Австрија, Финска, Шведска, Латвија, Словачка, Грција и Полска, млади тренери и младински работници кои се активно вклучени во работата со млади луѓе на дневна база, со конкретни примери и препораки на полето Злоставување и мобинг, разрешување на конфликтите, зависности како алкохол и дрога, злоставување од врсник, сексуалноста, вклучување и исклучување на младите луѓе.
Целта на оваа средба беше да се развијат повеќе вештини, методи и пристапи кои може да се користи од страна на младинските работници, додека работат со млади луѓе на нивна превенција/ заштита. Различни реалности биле изложени меѓу европските земји учеснички. Во име на групата, многу висок процент на млади луѓе во претходно наведените земји се изложени на висок ризик од злоставување на интернет и социјални мрезжи и различни зависности, и тие, а понекогаш и на нивните семејства и на животната средина, не се свесни за она што се случува и колку тие се вклучени во сето тоа.
Од оваа обука произлегоа насоки и препораки за темите кои се работеа на оваа обука и на некои присутните младински тренери и младиски работиници работат во нивните органзиации.
Насоките и препораките ке бидат преточени во прирачник кој ке биде публикуван и кои истиот ке можат да го применуваат организациите учеснички на овој проект како и останати партнер организации.
Leave a Reply