Почитувани колеги и соработници,
Го имаме задоволството да ве информираме дека Волонтерски Центар Скопје, во соработка и со поддршка на Град Скопје, и оваа година, на 6-ти Декември, во просториите на МКЦ (младинскиот културен центар) повторно ќе организира НВО Саем, овојпат со наслов “Преку Волонтерство до Активно Граѓанство”. Одбраниот датум за одржување на саемот е во насока и на одбележување на 5-ти Декември, меѓународниот ден на волонтерството.
На саемот е предвидено своја презентација, во форма на штанд, да имаат здруженија/НВО-а/фондации кои се регистрирани на територија на Град Скопје, но исто така и организации/фондации кои не се регистрирани во Скопје, но дел од своите активности ги спроведуваат/спровеле за бенефит на граѓаните на Град Скопје. Доколку сметате дека спаѓате во овие категории на организации и здруженија, слободно пополнете ја апликацијата за учество со свој штанд на НВО саемот. Апликационата форма можете да ја најдете наследниов линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScS9oBMqCkisRuJ420fLOapsKM3nR_9LqpFgNy_xZcjc9e6FA/viewform
За подобро вмрежување на присутните здруженија/фондации, оваа година предвидовме и организација на три тематски мини-форуми, на кои што вие и вашето здружение можете да завземете учество (доколку сте заинтересирани, не се задолжителни). Регистрацијата за учество на форумите е во склоп на самата апликација за учество на НВО саемот. За време на форумите, ќе се запознаете подобро со работата/активностите на други сродни здруженија и ќе имате можност да дискутирате за идеи/сугестии за понатамошна соработка.
Во прилог на оваа објава можете да ја најдете поканата за учество, со предвидената агенда.
Ве замолуваме најдоцна до Понеделник, 21-ви Ноември 2016 година да ја пополните потребната апликација, со што ќе го потврдите вашето учество на НВО саемот.
Доколку имате дополнителни прашања, слободно обратете ни се на нашите контакти и на следниов телефонски број: 078/374-719.
Срдечен поздрав и секое добро,
Тимот на ВЦС
Leave a Reply