Ерасмус+

Добредојде на нашите нови ЕВС волонтери Валерија и Игор од Италија во ВЦС !!

Игор Џаманго: Се викам Игор и доаѓам од Кастелветрано, мало градче во близина на Палермо, Сицилија.
Јас сум многу љубопитна личност, сакам да откривам нови места, нови луѓе и нови начини на живот: сметам дека тоа е најубавиот начин да растеш, да созреваш! Исто така сакам да сонувам, сакам светот да стане поубаво место за живеење и сакам да дадам свој придонес за тоа да се случи. Поради овие причини, и многу други решив да потрошам дел од својот живот како Европски волонтер. Понатаму, имам 30 години па ова ми беше и последната шанса. Последно но не и неважно: Многу сум среќен што сум во Македонија, во овој извонреден мозаик на приказни и идентитети. Со оглед дека студирав меѓународни студии, сметам дека ова е моето место !

20161110_104349

Валерија Феранте: Здраво!! Моето име е Валерија и имам 26 години. Доаѓам од мало градче во близина на Палермо, во Италија. Дипломирав литература и антропологија, и сум на прв степен од Мастер студии на Човекови права, Миграции и Развој. За моето хоби и интереси, сакам секаков вид на уметност: музика, театар, цртање итн итн.. Работите што ги сакам се всушност работите што сеуште не ги знам. Сакам да учам паралелно и од книгата, но и од самиот живот. Се сметам за љубопитна и ведра личност. Сметам дека волонтирањето во глобала е многу важно искуство кое секој еден треба да го искуси. Во моето градче станав волонтер во Црвениот крст, но можеби тоа не беше доволно за мене, сакав да искусам меѓународно искуство во волонтирање, да ги споделам своите идеали со сите млади луѓе ширум светот. Па еве ме во Скопје, изненадувачки и интеркултурен град кој се учам да го сакам. Неодамна го запознав и неверојатниот персонал на Волонетрски Центар Скопје, за кој сум сигурна дека ќе имаме одлична соработка. Има два главни аспекта кои ме мотивираа за ЕВС искуство, а тоа се меѓународната и интеркултурната димензија за што моѓам да учам за и со другите (и ова е од мојата антрополошка природа) и волонтирањето само по себе, кое ве стимулира да направите нешто за луѓето со помалку моѓности притоа не очекуваќи нисто за возврат. Но на крајот, апсолуто сум сигурна дека од тука ќе си заминам со многу повеќе работи од сега: нови вештини и знаења, нови приказни за раскажување и посебно нови моменти за паметење.

20161110_104418

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s