Го имаме задоволството да ве информираме дека Волонтерски Центар Скопје, во соработка и со поддршка на Град Скопје, и оваа година, на 6-ти Декември, во просториите на МКЦ (младинскиот културен центар) по втор пат организираше НВО Саем, овојпат со наслов “Преку Волонтерство до Активно Граѓанство”. Одбраниот датум за одржувањето на саемот беше во насока и на одбележување на 5-ти Декември, меѓународниот ден на волонтерството. На саемот своја презентација, во форма на штанд, имаа повеќе од педесет да здруженија/НВО-а/фондации кои се регистрирани на територија на Град Скопје, но исто така и организации/фондации кои не се регистрирани во Скопје, но дел од своите активности ги спроведуваат/спровеле за бенефит на граѓаните на Град Скопје.
За подобро вмрежување на присутните здруженија/фондации, оваа година имплементиравме три тематски мини-форуми, на кои учество завземаа претставници на присутните НВО-а. Дебатата и вмрежувањето помеѓу здруженијата се одвиваше на три главни теми:
– Форум 1: Волонтерство, младински политики, вклучување на младите во процесите на донесување на одлуки, младинска работа и друго.
– Форум 2: Работа со граѓани со помалку можности и ранливи категории, пречки во развојот или кои се соочени со одредени физички и психички потешкотии, социјална инклузија на различни маргинализирани групи, здравје и превенција од заболувања и друго.
-Форум 3: Екологија, оддржлив развој, спорт и спортски активности, интернет технологија, образование, култура и друго.
Им благодариме на сите здруженија/НВО-а/фондации кои со своето присуство го збогатија настанот. Исто така, Голема благодарност и до волонтерите кои се приклучија кон организацијата на овој настан, без кои сето ова би било невозможно и нецелосно…
Се гледаме следната година во поголем број!
Тимот на ВЦС
Leave a Reply