Информации

НАТПРЕВАРОТ ЗА ИЗРАБОТКА НА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ВО РАМКИТЕ НА НАЦИОНАЛНАТА КАМПАЊА „ИНФОРМИРАЈ СЕ СЕГА!“

Во рамките на Националната кампања „Информирај се СЕГА!“Коалиција СЕГА со  Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенцијата за Млади и Спорт (АМС) и со Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство организираат натпревар за изработка на мобилна апликација за веб страната www.mladi.ams.mk .

12901438_1139519442778225_6392744612830970691_o

Наградниот Фонд за најдобрата апликација изнесува 500 евра во денарска противвредност, и право на учество имаат тимови со максимум 3 членови – сите студенти на еден од државните или приватните универзитети во Р. Македонија.

Тимовите ќе имаат за задача да подготват мобилна апликација која ќе ги прикажува содржините кои се наоѓаат на сајтот www.mladi.ams.mk и која ќе работи минимум на Андроид платформа.

Критериуми за учество:

  • Тимови од максимум 3 студенти на возраст од 18 до 25 години.
  • Сите членови на тимот мора да се студенти на еден од државните или приватните Универзитети во Р. Македонија.

Крајниот рок за пријавување на тимови се продолжува до 26 декември 2016 година до 16.00 часот со пополнување на апликацијата на следниов линк.

12898400_1139521292778040_8382534284751739589_o

Организаторот ќе ги обезбеди потребните сервиси од кои мобилната апликација ќе ги вчитува информациите.

Апликациите на учесниците на натпреварот ќе ги евалуира стручно жири составено од тројца професори на ФИНКИ,  еден вработен во АМС и еден од Коалиција СЕГА.

Критериумите за евалуацијата се:

  • Функционалност на апликацијата – да интегрира што повеќе функции што веќе постојат на www.mladi.ams.mk
  • Да работи минимум на Андроид платформа
  • Да биде лесно екстензибилна
  • Добар визуелен изглед на мобилната апликација
  • Перформанси на апликацијата

Презентацијата на сите апликации и прогласувањето на најдобрата ќе се одржи во Амфитеатарот на ФИНКИ во текот на месец февруари 2017 година, со дополнително известување за точниот термин.

12473676_1142018699194966_537365424798754789_o

Сите прашања поврзани со натпреварот може да ги поставите на следнава e-mail адреса: infosega@infosega.org.mk или marice@infosega.org.mk .

Кампањата „Информирај се СЕГА!“ ја спроведуваат Коалиција СЕГА со Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенција за млади и спорт и има за цел да им овозможи на младите луѓе безбедно да дојдат до квалитетни интернет информации кои им се потребни, и да бидат целосно описменети како дигитални учесници во денешното информатичко општество.

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s