Ерасмус+

Проект “Young Active Europeans” во Топола, Србија

young-active-europeans

Изминатиот месец, од  13.11 до 20.11 Кристијан Тевчев, Ангела Рајчевска и Димитар Таневски, како претставници на Волонтерски центар Скопје, учествуваа на проектот  “Young Active Europeans” (“Млади Активни Европејци”) во Топола, Србија.

Проектот беше организиран од Српската невладина организација Еко Младеновац, поддржан од Еразмус + Прогрмата за млади. Ова беше првата од двете фази преку кои ќе се имплементира целиот проект.

 

Имено, првата фаза всушност го опфати тренингот од 13-20 ноември во Топола, Србија. Додека, пак, втората фаза ќе се одржи од 12 до 19 февруари 2017 во Krzyzowa(Крижова), Полска.

 

Првата активност од проектот се одржа во Топола. Град, односно општина која се наоѓа во Шумадискиот регион на Србија. Местото кадешто Караѓорѓе, српскиот револуционер, бил избран како лидер на Првото Српско востание против Отоманската империја во 1804година.

Во оваа активност се вклучија дванаесет невладини организации од различни Европски земји: Македонија, Србија, Грција, Албанија, Косово, Чешка, Полска, Италија, Турција, Литванија, Романија и Бугарија.

Целта на овој проект, кој се одвиваше во рамките на Еразмус плус програмата на Европската Унија беше учесниците да се запознаат и да ја истражат идејата на младинскиот социјален и политички активизам. Исто така, на проектот беше промовирано и Европското државјанство, неговото место во стратегиите и документите на Европската Унија, како и практичното запознавање со граѓанските права преку неформална едукација.

macedonian-team

Учесниците, преку активностите од обуката работеа на методи кои ја промовираат поддршката од ЕУ да ги ангажираат младите во активности кои им овозможуваат да ги осознаат своите способности и да предизвикуваат локални активности.

Во склоп на тренингот учесниците имаа можност и да се запознаат со знаменитостите на градот. Па така, на еднодневната екскурзија тие ја посетија локалната црква Св.Ѓорѓи којашто всушност претставува гробница на Војвотското и Кралското семејство на Србија и на Југославија, како и куќата на Крал Петар и кралската винарија.

diversity-knot

 

,,Ова беше мојот шести по ред Еразмус Плус проект, и можам да кажам дека беше  најдобар до сега. Тргнувајќи од организаторите коишто направија да се чувствуваме навистина добредојдени во малото градче Топола,тренерите, кои навистина се потрудија предавањата да ги направат интересни и интерактивни, и најмногу од се`, учесниците, кои најмногу придонесоа целиот настан да биде она што беше. Сите беа позитивни и пријателски расположени. Ја имав можноста да научам нови нешта  за нивните земји и нивната култура. И најважно од се` е што запознав пријатели од цела Европа. Искрено препорачувам, на сите оние што имаат можност да учествуваат во Еразмус Плус проект, да се вклучат и да доживеат едно прекрасно искуство, какво што доживеавме ние”. вели Димитар Таневски.

“Кога ќе искомбинираш неуморни тренери полни со ентузијазам, возбудлива програма, и 20 прекрасни луѓе од осум различни земји, и сето ова го сместиш во мало гратче во Србија, со фантастичната култура и превкусна Балканска кујна, добиваш “Young Active Europeans”, најдобриот Еразмус + проект на којшто сум присуствувал досега. Ова беше едно неверојатно искуство кое би го препорачал на секој од вас!,, вели Кристијан Тевчев.

st-george

 

Едукативен, забавен, интересен.  Мојот прв Еразмус + проект. Неверојатно искуство кое едвај чекам да се повтори! Препорачувам, тополо и искрено, на сите кои сакаат да научат нешто повеќе за светот, за себе!

– Ангела Рајчевска

Advertisements

Categories: Ерасмус+

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s