Ерасмус+

Семинар за правење контакти во Хрватска

„НЕКОЛКУ + ПОВЕЌЕ = ВКЛУЧУВАЊЕ“

По моето едногодишно ЕВС (Европски Волонтерски Сервис) искуство во Франција каде работев на развивање и спроведување проекти за мобилност на млади, Волонтерски Центар Скопје ме запрашаа дали би сакала да учествувам на семинар за правење контакти (КМС) кој ќе поврзе искусни младински работници коишто ќе дискутираат на многу теми поврзани со младите луѓе со помалку можности ставајќи посебен акцент на луѓето со посебни потреби и нивното вклучување во општеството.

hr_7Главна цел на овие семинари е да им овозможат на учесниците да се запознаат со нови партнери од други земји заинтересирани да организираат и имплементраат нови проекти во рамките на Еразмус+ програмата, и заедно со нив за време на семинарот да започнат со работа на конкретни проекти. За време на мојот ЕВС стекнав значајно искуство во работата со млади луѓе со помалку можности и младинска мобилност, па имајќи голем број идеи за нови проекти, веднаш ја прифатив дадената можност.

hr_5

Подготвени за миг, со другиот учесник од Македонија, Горан Галабов, личност со огромно искуство во работата со луѓе со посебни потреби и во доменот на младинската работа, ние веќе бевме на пат за Каштела, мал град во близина на Сплит во Хрватска. Ова убаво градче на далмациското крајбрежје беше наш домаќин како и домаќин на учесници од осум други држави меѓу кои Хрватска, Естонија, Кипар, Франција, Полска, Романија, Шпанија и Турција во текот на една недела. Во одлични работни услови и пријатна атмосфера, како и опкружени со високо мотивирани луѓе, ние бевме подготвени за предизвикот кој стоеше пред нас.

hr_4

Проектот беше многу добро организиран. Најнапред, започнавме со активности за подобро меѓусебно запознавање и тим билдинг, како и интеркултурни вечери со цел создавање кохезија во групата. Потоа, преминавме на играње улоги и посета на дневен центар за деца со посебни потреби, коишто ни овозможија да се ставиме во нивна кожа и подобро да ги разбереме нивните потреби. Исто така, имавме и конференција на истата тема со градоначалникот на Сплит.

По особено пријатната културна посета на Сплит каде имавме можност да уживаме во раскошната убавина на овој далмациски бисер, се вративме назад во нашата работна просторија со цел подетално да ја објасниме Еразмус+ програмата. Во следната етапа, меѓусебно се поделивме во неколку работни групи во зависност од нашите интереси и идеи за изработка на нови проекти и започнавме со работа на конкретни проекти. Мојата група работеше на развивање на проект за младинска размена во доменот на животната средина. Доколку се оди според планот, наскоро ќе има јавен повик за апликации за учество.

И на тој начин, додека човек да трепне дојде крајот на овој семинар.

hr_1

За крај, би сакала да кажам дека сметам дека за оваа недела создадовме некои пријателства кои ќе траат доживотно, споделивме многу позитивни искуства и започнавме со работа на нови интересни проекти.

Автор: Маја Бибановска

Advertisements

Categories: Ерасмус+

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s