Ерасмус+

“Место за стекнување вештини и откривање повеќе за нештата за кои сме способни” – Младински Лидерски Камп (ИМЛП)

images-1Идеално место за самозапознавање и стекнување вештини од неформалното образование, себеразвивање, демократија, животна средина, општествена одговорност, и како едно од најважните области, лидерство, е Младинскиот Лидерски Камп.  Локацијата е во една од најпрекрасните места, длабоко во шумите на  Македонија, Крушево.

Моето име е Дамјан Георгиевски, и сум втора година во средното училиште на град Скопје- “Браќа Миладиновци”,  преку оваа статија би сакал да го споделам моето искуство преку кое го имам стекнато преку Младинскиот лидерски Камп. Добра можност каде се стекнав со одлично искуство, нови знаења и пријателства.

Воедно, веќе втора година како поминувм незаборавни денови заедно со околу 70 ученици-средношколци, на возраст од 14-18 години од територијата на Македонија. Во организација на Мировен Корпус на Америка, ИМКА Битола и со делумна поддршка од Амбасадата на САД, учевствуваат 30-тина волонтери. Нивна задача е да ги подучуваат камперите на дисциплини кои што се вредни за развитокот како млада личност. Доброволно учествував за да ги развијам вештини и способности на самоуверена и стабилна личност, не само со секојдневните активности, туку и со меѓусебната дружба без разлика на годините, верската и етничката припадност.

damjan

Ова лето за мене беше едно од наједукативните и најавантуристичките лета до сега.  Запознавањето на американската култура и начин на живеење е она што ги одбележало поминатите денови. Покрај горе наведените теми што се обработуваа имав можност да  учествувам во различни изборни активности како бејзбол, самоодбрана, јога, медитација, како и поезија, за пронаоѓање на внатрешен мир. Ми се отворија многу можности за во иднина, покажувајќи ми ја позитивната страна на луѓето. На некој начин ме измени и претвори во посамоуверна личност. Дефинитивно место за стекнување вештини и откривање повеќе за нештата за кои сме способни.

images

Како  за момците  така и девојките имаат можност да се стекнат со истите вештини како и мене, и да се најдат во улога на лидери преку лидерскиот камп за девојки кој е познат под името “ GLOW”

 

Целта на овие кампови и оваа едукативна програма е здружување, учење на младите на животните вредности и “Oхрабрување на младите” – “Empowering youth”!!

 

-Дамјан Георгиевски

Advertisements

Categories: Ерасмус+

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s