Патување

Јужна Африка “The Garden Route”

 

saСреќна Нова Година и се’ најдобро! Многумина од нас имаат многу планови за новата година. На пример, да запознаме нови луѓе, да ја намалиме својата тежина или да заштедиме пари за нешто важно. Но, еден од нашите најчести планови е патувањето. Затоа, во оваа нова епизода на Воисес, мојот предлог е да отпатувате во Јужна Африка!

Африка како најголем континент на светот со себе носи широк спектар на климатски услови и разновидна флора и фауна. Бидејќи Јужна Африка е опкружена од три океани (Североатлански, Индиски и Северен Океан) климата постојано поизведува ветер, а во јужниот брег постојан дожд кои придонесуваат за неверојатниот зелен пејсаж. Оваа област е позната како The Garden Route.tstsi

Garden Route се протега од јужниот дел на источниот брег, вклучувајќи ги Mossel Bay Knysna, Plettenberg Bay, Brak Riverland, Natures Valley и George (најголемиот град во оваа област).

Местото кое луѓето најпрво го посетуваат е Cape Town. Cape Town е многу убав град во којшто можете да посетите неколку плажи, да се искачите на планините Tabletop или Lionshead, да пливате со пингвини или едноставно да се дружите покрај водата, пиејќи пиво долж улиците, уживајќи во медитеранската клима.

Кога се упатувате кон источниот брег поминувате покрај Mossel Bay. Mossel Bay е малечко убаво градче среде океан. Таму можете да вкусите добра свежа риба и да отидете на сафари. На сафарито имате можност да се возите на off road возило со четири тркала цели два часа. За време на тие два часа, доколку имате среќа, можете да ги видите Африканските топ пет и многу други животни. Големата петторка ги вклучува: лавот, африканскиот слон, бафалото, леопардот и носорогот.

tabletop

Кога возите кон срцето на земјата доаѓате до Outdshoorn. Близу до Outdshoorn го имате најубавиот планински превој во цела Јужна Африка. Превојот Swartberg, како и планините Swartberg. На листата за посетување се и пештерите Cango. Тунелскиот систем се протега 4 километри и со водач можете да истражите дел од пештерите. Во некои места морате да ползите и да се искачувате преку различни карпи. Но, и без оваа мала авантуристичка тура вие можете да ја видите вчудоневидувачката варовна пештера со своите сталактити и сталагмити.

cabgo

Кога се упатувате уште подалеку, кон источниот брег, поминувате покрај Plettenberg Bay. Plettenberg Bay се наоѓа близу до националниот парк Tstsikamma. Паркот покрива 80 километри од крајбрежјето. Nature’s Valley е западниот крај на паркот, а главното сместување е во Storms River Mouth. Близу до паркот се наоѓа мостот Bloukrans, највисокото место за банџи скок во светот, 216 метри.

Познато е по домородните шуми и драматичното крајбрежје и по Otter Trail. Otter Trail е пешачка патека долга 41 километри и се поминува за пет дена. Долж оваа патека има удобни колиби и восхитувачки кадри.

By Patrick Zimmermann

Превод: Ангела Рајчевска

Advertisements

Categories: Патување

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s