Вевчани – вевчански извори

sl-1Кога ќе сакате да побегнете од градската бучава и да се одморите од сè, топло ви препорачуваме да го посетите Вевчани. На патот кон Струга,во падините на планината Јабланица е сместено едно најубавите македонски села. Доколку патувате од Охрид, оддалечено е 30km. На сред село не пречекаа љубезните жители на Вевчани, кои со душа чекаат посетители за да ги раскажат легендарните приказни врзани за ова место. Освен што е препознатливо по традиционалниот карневал кој секоја година се одржува на Василица 13ти и 14ти јануари, Вевчани изобилува со неверојатна природна убавина, а вистинска атракција се Вевчанските извори.Тие се извори кои изобилуваат со смиреност и не многу голема бучава.

Главниот извор е сместен во отворот на пештера. На десетина метри подолу, се наоѓаат неколку постојани извори кои подземно комуницираат со главниот извор. Капацитетот на Вевчанските Извори во влажниот период од годината изнесува околу 1.500 литри во секунда.
dsc00217Вевчанските извори во внатрешноста се составени од 7 помали извори кои се соединуваат и го сочинуваат  текот   на реката викана Матица или Вевчанска река. Вевчанската река е долга 6 километри и под селото Велешта се   влива во реката Црни Дрим. Од оваа река низ Вевчани течат три јазови од чија вода се наводнува вевчанското поле.
Водата до изворот доаѓа од подземна патека долга 100 метри, а нејзината висинска разлика  изнесува 10 метри.   Од изворот, според повеќегодишните мерења  е утврдено дека  просечно во една секунда истекуваат 1500 литри   вода кои дел преку  водовод служат за вода за пиење,а друг  дел за наводнување.

izvori1Ова богатство од вода  најголемо е во пролетните месеци па се до јуни-јули месец,  создавајќи  една прекрасна слика за врутокот и за убавината на изворот.

Автор: Злате Богоевски

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: