Култура

Разиграни Дервиши

whirling-dervish-6Во април 2015 година бев во Истанбул, мегалополис на западно географските граници, каде што живеат 14 милиони луѓе. Градот се протега на два континента, еден  дел од градот се наоѓа на  европскиот континент, а другиот на азискиот. Истанбул е неверојатен град. Таму можеш да шеташ низ главните улици и патем да се загубиш во шареноликоста на Гран Базар, во внатрешноста на мирисите на зачини на пазарот, можеш да се изнендиш, секојпат кога ќе го чуеш гласот на имамот од џамијата.
whirling-dervish-4Мешавината на култури од различни времиња го прават овој град уникатен.  Од една страна, можете да видите огромни згради и трговски центри, од друга, традиционални ќебапи и улични продавачи на симит. Истанбул е составен од многу нешта, како прекрасните минариња во џамиите, портокаловите зајдисонца и величенствените мостови на реките. Кога јас го посетив, присуствував на традиционалната церемонија Разиграни Дервиши.
Оваа церемонија е античка кореографија која ја изведуваат суфистите. Суфизмот е гранка од исламот која има за цел да се дистанцира од материјализмот и да се насочи директно кон Бога. Дервишите, со поддршка од музиката, со нивната изведба, ни пренесоа едно неверојатно мистично и духовно патешествие.
Како што е редот, ги оставивме чевлите надвор и седнавме во една мала соба за чекање. Во меѓувреме, од отворената врата ја слушавме молитвата.

Не разбрав ниту збор од молитвата, но атмосферата беше свечена.  Кога заврши молитвата, нè повикаа и отидовме во една голема соба, со другите посетители и музичарите. Кога сè беше подготвено, музичарите почна да играат и шепотат некоја мелодија, повторувајќи, како да е молитва. Актерите почна да влегуваат во собата, шест или седум мажи со долги бели туники и долги цилиндрични црни капи. Рецитираа делови од молитвата, одејќи во круг, еден зад друг, марширајќи. Потоа запраа.whirling-dervish-1
Првиот човек отиде во центарот на собата. Тој почна да се вртаи, полека, околу себе. Другите го следеа и да почнаа да се вртат во круг. Ротација  се повеќе се забрзуваше, следејќи го ритамот кој стануваше се повозбудлив. Туниките се движеа нагоре правејќи ветер во собата. Очите на дервишите беа затворени и имаа опуштен израз на нивните лица. Главата им беше навалена на една страна, рацете горе, и не правеа ништо освен што се вртеа сè побрзо и побрзо, според музиката. Нивните движења ги пленеа набљудувачите. Церемонијата ги поведе посетителите во еден вид состојба на медитација. На крајот, по повеќе од три часа, водичот ни кажа дека сме среќници, бидејќи оваа ноќ дервишите беа доста инспирирани и медитацијата траеше подолго.

Од Валерија Феранте

Превод: Ангела Рајчевска

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s