ЕВС

ЕВС во Данска

img_6505Се започна пред една година  кога ме известија дека има отворен конкурс за волонтер во Данската организација Aarhus Global Media (AAGM) пред да ги поднесам потребните документи бев скептик.  како ќе биде? Дали ќе се снајдам ? Дојде моментот кога требаше да разговарам со директорот на AAGM, бев премногу возбуден, во главата ми се вртеа милион прашања….дали ќе ме примат?  Дали ќе се покажам во доволно добро светло? итн. Наредниот ден ме известија дека сум примен и дека за месец ипол заминувам во Данска. 6

Во Данска пристигнав на 4 мај 2016 првите неколку недели се ми беше ново и чудно, па дури и културата на луѓето. Но како поминуваше времето така се навикнував. Кога пристигнав овде деновите беа долги, а и преубавото зајдисонце трае долго. Како поминуваше времето така стекнував нови искуства. Мојата програма се базира на целиот процес на едно видео. Работам како камерман и монтажа на видео. А додека во моето слободно време одам и правам пејсажи од градот. Покрај работата нормало има и доста забава, како и на снимање така и во фирмата AAGM па ако остане енергија се оди во центарот на градот на некое ладно пиво. Сместен сум во градот Аархус кој се наога на 4 саати возење од Копенхаген. Од како сум дојден овдека имав можност да одам на доста големи настани. На пример презентација на книга од светски познати автори ( беа присутни и авторите ) концерти кој трае по неколку дена еден од нив кој навеќе ми остави впечаток е „Mosstock Festival„ кој траеше 5 дена. Тие пет дена буквално живееш во духот на фестивалот забораваш на се друго кое се случува надвор од „границите„ на фестивалот. Така летото си летна полека деновите стануваа се помали и помали.

Од како дојдов овде целиот град се спрема за Aarhus 2017 – European Capital of Culture секое ќоше се спремаше внимателно за отварањето. Во градот ја имаат изградено најмодерната библиотека  (DOKK1 ) од културна гледна точка градот е доста развиен има огромен број на музеи секој дневни уметнички настани. Па така за секого има по нешто.

Ноќниот живот?  Има изобилство на паркови каде може младите да се соберат и да се забавуваат. Или ако не си љубител на седење во парк има доста пабови каде може да се седне на некое пиво. Подоцна се оди во некој од многуте ноќни клубови. Ноќните клубови работат од четврток до недела.1

Еве поминаа 7 месеци од како сум пристигнат во  Данска. Едноставно е прекрасно. Се е организирано се е под контрола. На секаде има патеки за точаци. За мене ова е одлично искуство сега се осекам дека одам од ден во ден се понапред и понапред со моето знаење. Благодарение на курсевите кој се одржуваат  за видео за монтажа на видео за тон и така натаму.  А секако тука се и постарите колеги кој секогаш се расположени да ти откријат некој нов трик. Како што спомнав погоре се ближи отварањето на Aarhus 2017. Па така цел град живее во тој дух па така и ние се подготвуваме за големото отварање кое е закажано за 20 Јануари.

Се надевам дека барем малку ви го украдов вниманието со овој текст.

Автор: Огнен Анчевски

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s