Спорт

Ски-центри во Македонија

mavrovo_skijanje_prva_strana_1Како и секои изминати години така и оваа љубителите на зимата и зимските спортови со нетрпение го очекуваат снегот за да се упатат кон планините да уживаат во природата, чистиот воздух, и секако зимските спортови. Македонија изобилува со планини и ски-центри кои што секоја сезона се главна дестинација на љубителите на зимските спортови сеедно дали станува збор за почетници или професионалци. Маврово, Попова Шапка и Крушево се само дел од понудата и затоа би се задржале на нив.

Да започнеме од Маврово, најпопуларниот ски-центар како за домашните така и за странските посетители. Ски-центарот “Заре Лазаревски” сместен на падините на Бистра на 1240м надморска височина е дел од националниот парк “Маврово” датира уште од 1964 година кога се изградени првите патеки и жичарници. Денес претставува најопремен ски-центар во Македонија за љубителите на алпското и нордиското скијање. Особена привлечност му додава ноќното скијање проследено со музика и забава. Секако тука се дискотеките кои нудат одлична забава во вечерните и ноќните часови. Сместувањето во хотелите е на високо ниво но исто така може да се најде евтино сместување во приватни планински куќи и викендици. Тука се и настаните кои редовно се одржуваат како што се меѓународниот натпревар во нордиско скијање, хуманитарниот аматерски велеслалом, национални и меѓународни натпревари во слалом и велеслалом, европскиот куп во сноуборд и секако атрактивниот снежен град.mavrovo_zima3

Попова Шапка е еден од најстарите и најголеми ски-центри во Македонија, кој датира уште од 1947 година и е распослан на падините на една од највисоките планини во Македонија, Шар Планина. Сместен на надморска висина од 1.800 м, се одликува со голем број сончеви денови и со снежна покривка погодна за квалитетно скијање од крајот на ноември до април. Ски-центарот располага со повеќе жичници и ски-лифтови, чија вкупна должина е 11.000 м, со капацитет до 8.000 скијачи на час. Вкупната должина на ски-патеките е околу 20 км, а скијачкиот простор се протега над 35 квадратни километри.mw-bq930_pfskii_mg_20131213152555 Скијачките патеки се погодни за сите нивоа на скијање, од почетници до професионални фрирајд-авантури. Центарот располага и со три патеки според ФИС-критериуми, на кои секоја година се одржува меѓународниот Шарпланински куп во слалом и во велеслалом.

Да не го заборавиме и Крушево, гратчето со богата историја, архитектура и прекрасна природа. Крушево нуди прекрасни услови за скијање од декември до почетокот на март. Скијачките терени се наоѓаат непосредно до самиот град на надморска височина од 1400 метри. Погодни се за скијачи професионалци како и за скијачи почетници. Посебно внимание се посветува на Нордиското скијање од каде произлегуваат и врвни спортисти. Исто така пешачењето по сјајните падини со снег е вистинска атракција за да се биде во снежното Крушево.

snowboard-2

Ако сте љубители на зимата, природата и зимските спортови дефинитивно нема да погрешите ако одлучите да посетите некоја од горенаведените дестинации. Остануваат убави спомени, искуства и желба за повторна посета.

Милан Ѓапиќ

Advertisements

Categories: Спорт

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s