Како да се биде Агро претприемач?!

imgp1395Започнувајќи од 13-ти до 22-ри Февруари 2017 година се одвива тренинг курс во  Ури, Сардинија (Италија) „Како да се стане агро претприемник“ како втора фаза од долгорочен проект што обединува заедно 24 учесници од 6 држави: Италија, Шпанија, Македонија, Црна Гора, Србија и Албанија. Проектот се реализира преку Еразмус+ програмата на Европската комисија и тимот на Волонтерскиот Центар Скопје е на самото место. Александра, Андреј, Горан и Џенифер работат заедно во мешани интернационални тимови на младински работници споделувајќи искуства и надградувајќи ги своите вештини поврзани со темата.

16831144_10212168596270643_7384797043567546340_n

Целта на тренинг курсот е да ги зголеми и извежба вештините на учесниците на полето на агро стартапите. Искусни младински работници ќе поминат низ работилниците и споделат нивното искуство вклучувајќи ги пречките и тешкотиите со кои се соочуваат како и истакнувајќи ги придобивките од ваквата работа. Тренингот е предвидено да има мултиплицирачки ефект бидејќи конкретен тренинг и алатки ќе им бидат дадени на младите како да започнат свој бизнис со акцент на најчестите замки и грешки кои треба да се одбегнуваат. 16809130_10211600505305146_963301323_n Сето ова ќе биде постигнато преку сите расположливи методи на неформалното образование кое е карактеристично за Еразмус+ проектите (презентации, дебати, работилници, средби со тренери и експерти како и посета на некои најдобри практики за „зелени вработувања“ применети во самиот регион на Сардинија. Една од задачите кои треба да се сработат е и подигнувањето на свеста за проблемите во животната средина во локалната заедница.

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: