Втор дел “Young Active Europeans ” – Крижова, Полска

Во периодот, од  12.2.2017 до 19.2.2017 Димитар Таневски, Кристијан Тевчев и Ангела Рајчевска , како претставници на Волонтерски центар Скопје, учествуваа на вториот дел од проектот  Young Active Europeans во Крижова, Полска.

Проектот беше организиран од Српската невладина организација Еко Младеновац во соработка со организацијата-партнер TDM2000 Полска. Ова беше втората од двете фази со коишто се имплементираше целиот проект.
Имено, првата фаза всушност го опфати тренингот од 13-20 ноември во Топола, Србија. Додека, пак, втората активност се одржа во една убава и релаксирачка средина во Селото Крижова, кое се наоѓа на 60 километри од градот Вроцлав во Полска.
Како и на претходната, во оваа активност беа вклучени истите дванаесет невладини организации од различни Европски земји: Македонија, Србија, Грција, Албанија, Косово, Чешка, Полска, Италија, Турција, Литванија, Романија и Бугарија.

img_4402-1

Низ тренингот ги истраживме меките вештини како клуч за младинската вклученост и социјалниот и политички активизам. Исто така,  работевме на практичните вештини кои се потребни за да се реализира едно локално промотивно активно граѓанство. Подлабоко го истраживме Европското државјанство и имавме можност да работиме на различни методи и вештини кои носат самодоверба во процесот на имплементирањето на младинските активности.

img_5258

Патем, имавме една неверојатна дружба со сите стари и нови пријатели од цела Европа. Го истраживме местото Крижова, како и малото градче Свидница и градот Вроцлав. Ја вкусивме специфичната полска кујна и нивните pierogi, како и различните видови на водка.
Милион чувства, илјадници мисли, стотици спомени, еден проект. Млади Активни Европејци и тимот од Македонија. ❤

Од: Димитар, Ангела и Кристијан

Related posts

%d bloggers like this: