Палачинките се типична француска храна на регионот Бретања,северно- западна Франција. На втори Февруари сите јадат палачинки :слатки или солени, со фамилијата или со
пријателите.
Рецепт за 4 особи
Состојки:
-250 г. брашно
-4 јајца
½ л. млеко
-1 лажичка сол
-100 г. стопен путер
Рецепт:
Во длабок сад се кршат јајцата и постепено се додава брашното. Кога смесата ќе се соедини се додава постепено млеко додека смесата не стане течна.Тогаш се додава растопениот путер.Во загреана тава на шпорет се става малку путер и тенок слој од смесата и се чека додека палачинката не потемни. Тогаш е време таа да се преврти. Оваа постапка се повторува се додека не се потроши смесата.
Декорација:
-печурки, пилешко месо, домати, моцарела, бибер
Забавувајте се со рецептот ! Исто така може да додадете шеќер или рум за посладок вкус или сол за посолен вкус.
Традицијата е различна во секое семејство, но јас ќе ви објаснам каква е во моето семејство
Традицијата е различна во секое семејство: во моето на овој ден сите се собираме околу машината за палачинки со наши подготовки од сос од домати, сирење и лосос, Нутела, шеќер, мед, џем или рум, за вечера или со попладневниот чај- нема правила.
Имаме и една друга традиција; на крајот на вечерата мајка ми ја подготвува т.н палачинка дух. Таа става малце рум на веќе подготвена палачинка, ги гаснеме светлата и го палиме румот. Така можеме да видиме како се појавува плав дух на воодушевување на присуните деца и возрасни.
Со една друга традиција, која ја прават моите братучеди , најхрабите може да креираат необични смеси: слатко и солено. Ако го сакате мојот совет – не го пробувајте ова!
Историјата зад Chandeleur
Појавувањето на Chandeleur во христијанската традиција се поврзува со делењто на палачинки на патници од страна на свештени лица. Исто така е и последното религиозно славење на зимата. Тортите кои се правеле во 5 от век од жито за подобра жетва, исто така се поврзуваат со оваа традиција, иако денес се прават палачинки.
Овој празник има поврзаност исто така и со крајот на зимата и зимскиот сон на животните. Ако на втори февруари животните излезат надовор од нивните дувла и ја видат нивната сенка, тие се враќаат назад во дувлото и тоа значи дека крајот на зимата ќе биде тежок. Ако животните излезат надвор и останат таму , тогаш зимата ќе биде кратка. Овој дел од традицијата се забележува во Северна Америка.
Франција не е единствената која го слави овој празник. Во Белгија и некои делови на Швајцарија има разлизчни начини на славење, како и во Мексико, Канада, САД и Луксембург.
Leave a Reply