Македонски

Психолошки особености на боите

Ефектот на електро- магнетната радијација на светлото врз расположението и однесувањето на луѓето и не е толку под  влијание на кутурата, полот и староста, како што вообичаено се мисли. Битно е да се подвлече разликата помеѓу психологијата  и симболизмот на боите. Од историска гледна точка, она што често се опишува како психологија на боите е всушност симболизам на боите- свесната поврзаност  која условено ја правиме. Има многу примери за симболизам на боите: виолетовата се повзува со кралски привилегии, од причина што до неодамна имало навистина скапа боја, која што можеле да си ја дозволат само членови на кралското семејство; црвената е боја на крвта и се поврзува со војна.

Бојата е всушност енергија и фактот дека има физички ефект на нас е докажан повеќе пати низ експерименти- најзабележително кога слепи луѓе без никакви потешкотии препознале бои напипувајќи ги само со своите прсти. Колку е пократка брановата должина – толку е посилен скриениот физички ефект на бојата. Боите се дел од системот на сигнализирање на природата- универзален, невербален јазик.  Боите се првото нешто што го забележуваме кога оценуваме нешто. Еден едноставен и очигледен пример за ова е нашата реакција кога има мува во нашата куќа: ако е црна или темносина, најверојатно ќе ни претставува само мала иритација, но, ако мувата има жолти шари нашата реакција ќе биде различна-повеќето од нас ќе чувствуваат одвртност. Истиот инстикт ни кажува кога не е безбедно да се јаде некоја храна, а низ целото животинско царство бојата се користи да сигнализира сексуална достапност.67347eb74e0073863314e4b2a7779756

 

Во пракитка, психологијата на боите оперира на три нивоа: првото ниво се фундаменталните особености на 11 основни бои, кои се универзални, без разлика на тоа која сенка, тон или нијанса се користи. Секоја од основните бои има потенцијален позитивен или негативен психолошки ефект,а кој од овие ефекти ќе се појави зависи од типот на личноста и најважно од врската помеѓу комбинациите на боите- второто ниво на психлогијата на боите.

c27c885ac0fde6fc70509214ec0465ac

ЦРВЕНА . Материјална

Позитивни  ефекти: физичка храброст, силина , топлина, енергија, основен инстинкт за преживување,стимулација, машкост,возбудливост

Негативни ефекти: непослушност, агресија, визуелно влијание, напор

СИНА. Интелектуална

Позитивни ефекти: интелегенција, комуникација, доверба, ефикасност, спокојство, логичност, одразување,смиреност

Негативни ефекти: безчувствителност,резервиранос, недостаток на емоции,недружењубивост

ЖОЛТА. Емоционална

Позитивни ефекти: оптимизам, самодоверба, емоционална стабилност, дружењубивост, креативност

Негативни ефекти: ирационалност, страв, депресија, анксиозност

ЗЕЛЕНА. Рамнотежа

Позитивни ефекти: хармонија, баланс, универзална љубов, мир, обнова, еколошка свест

Негативни ефекти: досада, стагнација, излитеност, исцрпеност

ВИОЛЕТОВА.  Духовност

Позитивни ефекти: духовна свесност, визија, луксуз, вистина,квалитет, оригиналност

Негативни ефекти: затвореност, маргиналност, потинсување

ПОРТОКАЛОВА

Позитивни ефекти: физичка удобност, храна, топлина, безбедност,сензуалност, страст,забава

Негативни ефекти: лишеност, фрустрација, незрелост

РОЗЕВА

Позитивни ефекти: физичка смиреност, топлина, љубов, сексуалност, преживување на видовите

Негативни ефекти: вкоченост, емоционална клаустофобија, физичка слабост

СИВА

Позитивни ефекти: психолошка неутралност

Негативни ефекти: недостаток на самодоверба, депресија,недостаток на енергија

ЦРНА

Позитивни ефекти: софистицираност, гламур, безбедност, корисност

Негативни ефекти: потиснување, рамнодушност,опасност, тежина

Превод: Ангела Михајловска

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s