Култура

Црквата Св. Пантелејмон- убави фрески во сликовито опкружување

Црквата Св.Пантелејмон е лоцирана во селото Горно Нерези на планината Водно. Ова е омилено место за излети на граѓаните на Скопје бидејќи има прекрасен панорамски поглед на главниот град на Македонија. Оваа црква од дванаесеттиот век е позиционирана во манастирски комплекс. На натписот врз влезниот портал е напишано дека црквата и манастирот  биле изградени по порачка на Алексеј Први Комнен, и сè ова било посветено на Св. Пантелејмон, заштитникот на лекарите. Ова е период кога стабилноста во Византиската Империја опаѓала.

Иако непријателите ја напаѓале империјата, империјата била сеуште доволно богата за да може да ангажира квалитетни уметници и да изгради скапи градби. Фреските на оваа црква ѝ се блиски по своите стандради на ренесансните слики. Имено Џорџо Васари (роден во Арецо, Тоскана во 1511) од многумина наречен „првиот историчар на уметноста“ бил првиот кој го употребил терминот ренесанса; тој мислел дека Џото ди Бондоне бил првиот кој го обмислил модерното сликарство во кое фигурите не биле статични и артифициелни како во традиционалните византиски  слики, туку живи и инспирирани од класичните уметности. Како и да е Британскиот историчар на уметноста Ендрју Греам-Диксон тврди дека фреската „Оплакување на Христос“ (создаден под влијание на апокрифната религиозна литература) во црквата Св. Пантелејмон со својата екпресија на емоцијата, со реализмот и со претставувањето на страдањето уште во 1164 ги претекнува фреските на Џото од капелата Арена во Падова од 1305.

panteleimon-1

Оваа мала црква која била изградена од правоаголни камења и цигли, со слоеви од малтер, страдала во земјотрес во 1555 по што била обновена. Фреските биле насликани повторно во 1885 со квалитетт кој бил многу понизок од оној на автентичните фрески, кои делумно биле возобновени во 1923. Целиот ентериер на оваа црква е покриен со фрески од кои некои се најдобри примери за периодот Комнен во Византиското сликарство, и како што е веќе напомнато во овој текст многу историчари на уметноста велат дека ова се првите знаци на Европското ренесансно сликарство.

Сместен во смирено опкружување и природа на планината Водно манастирскиот комплекс на црквата „Св. Пантелејмон“ е атрактивна дестинација не само за историчарите на уметноста туку и за љубителите на уметноста и туристите. Исто така интересно е дека штуко декорацијата на црквата е претставена на македонската банкнота од 50 денари.

од Игор Поп Трајков

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s