Македонски

Песните на Леонард Коен

Леонард Коен игра важна улога во мојот живот. Прв пат дознав за него од неговата песна ˮСузенˮ од албумот ˮSongs of Leonard Cohenˮ. Потоа се запознав со ˮWaiting For The Miracleˮ , ˮThousand Deep Kissˮ и ˮHallelujahˮ. Секоја песна и секој албум на овој изведувач има свое значење, сопствена позадина. Понекогаш овие песни само не погодуваат, а не знаеме ништо за тоа како настанале. Сакам  да го започнам мојот текст со првиот албум на Леонард Коен.

Песната ˮSo Long, Marianneˮ е напишана за Мериен Џенсен, родена Мериен Ихлен, која Коен ја зпознал на грчкиот остров Хидра во 1960 година. Нејзинот сопруг, норвешкиот писател mariane-backsongsroom
Аксел Џенсен,  ја напуштил непосредно пред нивната средба, оставајќи ја сама со нивниот шест месечен син. Тие се сретнале во локалното село додека пазарувале, во маркетот се појавил човек кој не можел да се види поради сончевата светлина и ја повикал да му се придружи – тоа бил всушност Леонард Коен. Тој за Мериен вели дека е најубавата жена што некогаш ја запознал. Ја вратил од Грција во Осло и по неколку месеци добила телеграма ˮИмам куќа, се што ми недостасува се мојата жена и нејзиниот син. Со љубов, Леонардˮ. Кратко потоа, таа доаѓа во Канада и Коен, Мериен и малиот Аксел живеат заедно во шеесетите, на релација Монтреал – Њујорк – Хидра.

Има неколку интервјуа во кои Коен зборува за инспирацијата за песната “Hey, That’s No Way to Say Goodbye”. Тој вели:
ˮОва е една стара песна, напишана во друго време од некој друг Коен, настаната е во една кафена хотелска соба на 34та Улица во ˮПен Терминал Хотелˮ. Не му препорачувам на никој да оди таму, да биде виден на тоа место. Не дека е лош хотелот, туку е баш премногу кафеав. Не одете таму. Ако ве видам таму ќе ве избркам уште во лобитоˮ. (Wiesbaden 02.02.1985)
coverˮ
Оваа песна е созададена на премногу користениот кревет во ˮПен Терминал Хотелˮ во 1996. Собата е претопла. Не можам да ги отворам прозорците. Јас сум во сред жестока расправија со русокоса жена. Половина ид песната е напишана со молив, но тоа не штити како што се движиме, сите ние кон безусловна победа. Јас сум во погрешна соба. Јас сум со погрешната жена.ˮ (1976 Backcover of “Greatest Hit” некои белешки за песните). Тоа не е сè што сакам да споделам, но ќе одиме чекор по чекор.

Од Угур Догуш

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s