Култура

МУЗИЧКАТА СЦЕНА ВО ГЕРМАНИЈА

Овде сум веќе 5 месеци и ја запознав македонската култура, луѓето кои овде живеат и останатите работи. Сега е време да ви претставам нешто од мојата родна земја-Германија. Размислував да тоа биде за музичката сцена во Германија, посебно кога се работи за Песна за Евровизија, кој ќе биде одржан годинава во Киев, Украина.

Во последниве неколку години Германија на овој натпревар завршува на последното место, но дали е навистина нашата музика толку лоша? На Македонија не и се допадна баш германската песна за Евровизија.

Во глобални рамки многу луѓе ја поврзуваат класичната музика со мојата земја: Бах, Бетовен, Вагнер, само неколку од нив да набројам. Но ние имаме исто така и поп сцена која е доста разновидна иако не е многу популарна низ Европа. Во прв план ние го имаме називот „шлагер“, многу традиционален од домашната музичка сцена, што обично се слуша од постарата генерација и поконзервативните луѓе. Во моментов најпопуларни пејачи се Andrea Berg и Helene Fischer. Тие ги пополнуваат големите стадиони со илјадници луѓе но никој од останатиот свет, со исклучок на Австрија и Швајцарија не ги знае нивните имиња.

Helene Fischer

Потоа имаме музичка сцена за генерациите од 15-30 години. Таа е многу разнолика. Пред повеќе години единствено музиката од Велика Британија и САД беше популарна но сега нова генерација од музичари се обидуваат да измешаат различни стилови на музика испеана на англиски на германски јазик. Да почнеме со Нена, германска поп пејачка. Таа имаше огромен хит во 1984 година, „99 балони“ (99 Luftballons). Toten Hosen, многу популарен панк бенд од Дизелдорф популарен е повеќе од 20 години наназад. Тие дури имаа и заеднички концерт со Боно, фронтменот на Ирската група U2. Peter Maffay е рок ѕвезда кој дури има напишано и детски мјузикл “Tabaluga”.

Peter Maffay

Fanta 4 германски хип хоп бенд од Штутгард го употребува германскиот јазик со типичен хип хоп стил.

die fantastischen vier

Xavier Naidoo од Манхајм е претставник на соул музиката. Тој настапува на англиски и германски.

06_06_16

SEEED од Берлин и нивниот вокал Peter Fox користат елементи од реге музиката. Тие настапија и на отварањето на Светското првенство во фудбал 2006 година во Германија.

Исто така имаме и германски бендови кои не настапуваат на нивниот мајчин јазик како “The Boss Hoss”. Тие изведуваат популарна кантри музика и настапуваат на англиски. Има и доста мешавини на стилови како Andreas Gabalier, австриски пејач кој влече корени од „Шлагер“но употребува доста рок елементи во неговите песни.

Па така ако гледате оваа година Песна на Евровизија и ако ја слушате германската песна (Levina ќе настапи со песната “Perfect Life”) и ако уште еднаш се најдеме на последните места…колку да знаете дека имаме доста различни музички стилови кај нас во Германија.

Доминик Даниел

levina1

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s