Ерасмус+

Агро претприемништво? Славната општина Ури?

IMG-20170309-WA0001За првото прашање сум сигурен дека ќе најдете некаков логичен одговор. Па агро, агрикултура, земјоделство, стаклени градени итн. знаето сето она дирекно од бавча во маркет. Претприемништо, тоа го слушаме многу во последните неколку години и колку е тоа важно за економијата, за државата, за младите луѓе. Имате некоја идеја… Од друга страна славната општина Ури? Дури и да сте некаков експерт по географија, па дури и по италијанска географија се уште е некако тешко да се сфати и сум прилично сигурен дека не сте запознаени со Ури и колку е славна.

Тренинг курс за тоа како да бидеш агро претприемач во Ури, Сардинија, Италија. Заедно со уште тројца учесници од ВЦС бевме дел од тренинг курс на кој започнавме од основите, што е претприемништво, што е бизнис план и како да се развие еден бизнис план заедно се некои финеси во негова изработка, развивање на проекти насочени кон агро претприемништвото, користење на ICT алатки и развивање на Еразмус + проекти. IMG-20170309-WA0005Одличната група на луѓе што беше дел од проектот го направи искуството уште подобро бидејќи овозможи добра размена на идеи и развивање на истите. Работилниците особено оние кои беа концентрирани на агро претприемништвото и развивањето на агро бизнис им овозможија на учесниците да видат што се треба за да се почне да се развива една идеја и дури некои да почнат да размислуваат дали ќе можат да ги остворат замислените идеи.

Тренинг курсот се одржа во одлична средина, во славната општина Ури, која се наоѓа во северозападниот дел на Сардинија и е супер место каде што може да се развиваат идеи од полето на агро претприемништвото како и да се тренира мозокот на некој начин, во тој правец. Ури е место каде што ќе се сретнете со луѓето од Сардинија и ќе можете да се дружите со нив, дури и неколку пати неделно без никаква помош од страна на социјалните медиуми, без телефони, само треба да излезете и ќе ги видите. Ќе го видите човекот кој минатата ноќ го видовте во барот, а денот пред тоа во ресторанот.

IMG-20170309-WA0007

Ова беше тренинг курс на една од најсовремените теми досега и погодете што? Има и продолжение во Србија. На ова место сретнавме некои одлични луѓе и разменивме некои интересни идеи кои се надевам ќе можат да се развијат и понатаму. Ако сакате да го направите истото и да истражите уште една славна општина, овој пат во Србија, пријавете се. Сигурен сум дека ќе научите нешто ново и ќе си поминете одлично исто како и ние.

 Андреј Наумовски

Advertisements

Categories: Ерасмус+

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s