Интервју

“Играта на Водата “ Блашка Миева

IMG_2670Лудичноста  на уметничкото дело е игра по себе , но таа во себе ги содржи и творецот и примателот. Играта е “слепа серизоност”,  но и е дејност во којашто се задржува  она што ни бега , се задржува преку обликувањето или соучествувањето на играта со облаците.”

Блашка Mиева е млада сликарка која живее и работи во Скопје. Своето средно образование  го има завршено во средното уметничко училиште “Лазар Личеновски” –Скопје, своето студирање го продолжува на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсекот Сликарство под менторство на проф. Вело Ташовски, со подотсек конзервација и реставрација на фрески и икони. Добитник на награда за најдобар студент на генерацијата 2008/9. Член ен ана Друштвото на ликовни уметници на Македонија(ДЛУМ). Досега има реализирано 3 самостојни изложби во 2009 во МКЦ, 2012 во Креактив Скопје, 2014 изложба на мозаици (Концепт 37) во Скопје,  учествувано на многубројни групни изложби на национално и меѓународно ниво.

блашка

Во перидот од 17ти Февруари до 6ти март 2017 оваа млада сликарка ја постави својата четврта по ред самостојна изложба на акварел во Музејот на Град Скопје.

Под наслов Играта на Водата низ сликарската техника на акварел претстави слики кои  се испреплетени  разновидни елементи  од фигуративни до апстракни форми. Сами по себе носат една приказна која е преставена преку предмети, мотиви,ликови кои се одраз на чувства.

ВЦС: Од каде  инспирацијата за оваа изложба?

Блашка: Водата како еден од петте есенцијални елементи на универзумот сакав да ја прикажам на еден понаков начин, односно, да ја преточам во една приказна која е инспирирана од играта на водата, сета таа рефлексија на водата и водените површини.

Рефлексијата која сите водени површини ја креираат е рефлекција на се што се случува над водата и под водата. Одразот кој исто така е игра е всушност судир  на бои, облици, кои во водата  добиваат нереална , магична перцепција за водата како еден елемент, за кој не сме свесни дека е всушност насекаде  во исто време. Бранувањата и и движењата на водата се менуваат во секунда и со тоа се менува кој се создава од  рефлексиите.

Тие имаганарни пејсажи не се создаваат само од вистинските пејсажи  од природата, туку и од останатите форми и облици кои се над водата и под водата.

ВЦС: Што се претставува уметноста за уметник како вас?

Блашка: Пред се, уметноста е начин на живот. Преку уметноста ја прикажувам мојата длабока суштина и дозволувам да ја видат  и другите. Никогаш не е површна, никогаш не е лажна. Една од задачите на уметникот е да ја естетизира и визуелизира скриената убавина дури и во обичните нешта. Обидот за поинакво гледање на нештата е од исклучителна важност и е чекор напред. Со тоа, е и обид за подобар свет.

ВЦС: Врската на вашата уметност и вашиот живот?

Блашка:  Врската е неразделна.

ВЦС:Ваши идни планови?

Блашка: Да продолжам да ја провоцирам скриената убавина во нештата и да ја  прикажувам истата од поинаков агол на гледање.

Блашка Миева исто така активно работи и на полето на дизајн на накит веќе 15 години.

Ивана Анѓеловска

Advertisements

Categories: Интервју

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s