На 23 Март 2017 во Кафе барот Љубов во Скопје, Волонтерски Центар Скопје заедно со своите волонтери кои се дел од Европскиот Волонтерски Сервис(ЕВС) го организираа настанот Language Cafe. На настанот учествуваа 9 ЕВС волонтери од 6 Европски држави : Франција, Словенија, Литванија, Германија, Италија и Турција, посетителите на настанот имаа можност да поразговараат со нив на нивниот јазик, како и да научат фрази кои често се користат во секојдневниот живот на германски, литвански, словенечки, француски, турски и италијански јазик.
Целта на овој настан е во една неформална средина посетителите да разговараат на јазикот кој го знаат или обожаваат да го зборуваат, да дознаат повеќе за искуствата на меѓународните волонтери, како и за нивните култури и традиции. Секако присутните имаа и можност да дознаат повеќе за придобивките кои ги нуди Европскиот волонтерски сервис и Ерасмус + програмата на Европската унија.
Попладнево кафе или пијачка и нови познанства и создавање на пријатели од различни европски држави – локален посетител.
“Одлична можност за да се запознаеме со локални млади и да зборуваме на нашиот мајчин јазик. Не изненади колку млади луѓе во Скопје знаат и го зборуваат италијанскиот јазик”- Валерија и Игор од Италија.
„Задоволни сме од настанот, запознавме позитивни и интересни луѓе, колку млади го знаат и го зборуваат францускиот јазик во Скопје” – споделија Жулиет и Лорен од Франција.
До следното Language Cafe оставaме да погледнете дел од атмосферата на првото Language Cafe во 2017.
Leave a Reply