Македонски

Емоционалната Интелигенција е поинаков начин да се биде паметен

Емоционалната Интелигенција (ЕИ) е способност да се препознаат емоциите, да се разбере што другите ти кажуваат и да се сфати како вашите емоции влијаат на луѓето околу вас. Таа исто така ја вклучува и вашата перцепција за другите: кога ќе сфатите како тие се чувствуваат тоа ви овозможува да ги поставите односите поефективно. Генерално се зема дека таа вклучува три вештини:

  1. Самосвесност: Луѓето со висока ЕИ обично имаат висока свесност за себе. Тие ги разбираат своите емоции и поради тоа не дозволуваат нивните емоции да владеат со нив. Тие не дозволуваат нивните емоции да излезат од контрола. Тие исто така се способни да имаат искрен поглед на себе, ги познаваат своите слабости и квалитети.
  2. Саморегулатива: Ова е способност да се контролираат емоциите и импулсите. Луѓето со висока саморегулатива не си дозволуваат да бидат премногу налутени или љубоморни и тие не донесуваат импулсивни, безгрижни одлуки.
  3. Мотивација: Луѓето со висока ЕИ обично се мотивирани. Тие се способни да ги одложат моменталните резултати поради долгорочен успех. Тие се високо продуктивни, сакаат предизвици и високо ефективни и успешни било што да работат.
  4. Емпатија: Тоа е способност да се препознаат и разберат желбите, потребите и погледот на светот на тие околу вас. Луѓето со емпатија обично се одлични во регулирањето на односите, слушање и однесување со другите. Тие избегнуваат стереотипи и прерано просудување и ги живеат своите животи многу отворено и искрено.
  5. Социјални вештини: Оние со јаки социјални вештини се обично тимски ориентирани. Наместо да се фокусираат на сопствениот успех тие им помагаат на другите во развојот и истакнувањето. Тие можат да ги надминат споровите, одлични се во комуникацијата и многу вешти во градењето и одржувањето на односи со другите.

Емоционалната Интелигенција може да се развива

emotions-facial-expressions-not-related-sq

Комуникацијата помеѓу вашите емоционални и рационални „умови“ е физичкиот извор на Емоционалната Интелигенција. Примарните сетилни дразби влегуваат во `рбетниот мозок и мора да стигнат до предниот дел од мозокот пред да можете да размислите рационално за вашите искуства. Како и да е, тие најпрво поминуваат низ лимбичкиот систем, место кадешто емоциите се создаваат. Значи ние имаме најпрво емоционална реакција на настаните пред да се вклучи нашиот рационален разум. Вашиот мозок постојано воспоставува нови врски како што усвојувате нови вештини, процес кој невролозите го нарекуваат „пластичност“. Промената настапува постепено, како што мозочните клетки воспоставуваат нови врски да ја забрзаат ефикасноста на новостекнатите вештини.

find_your_purpose_1200x627

Со користење на разни начини за зголемување на Емоционалната Интелигенција се овозможува билиони на микроскопски неврони да направат поврзување помеѓу рационалните и емоционалните центри на мозокот, да „разгранат“ ситни врски (баш како дрво) за да стигнат до останатите клетки. Оваа верижна реакција на поврзување овозможува побрзо и полесно ставање во акција на новостекнатите вештини кога ќе има потреба. Еднаш кога веќе ќе го извежбате мозокот со постојано користење на нови стратегии на Емоционална Интелигенција, емоционално-интелигентното однесување станува навика.

selfawareness

Набљудувајте како се однесувате кон луѓето. Разгледајте ја вашата работна околина. Направете самоевалуација. Преиспитајте се како реагирате во стресни ситуации. Преземете одговорност за вашите акции. Преиспитајте како вашите реакции делуваат на останатите-пред и воопшто да реагирате. И на тој начин се развиваат нови вештини на Емоционална Интелигенција.

By Laura Babaityte

Превод на македонски јазик Горан Галабов

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s