Мислење

DUB INC

Во 1997, започна историјата на DUB INCORPORATION. Приказна која потсетува на други приказни, проживеана исто така од многу групи: онаа на пријатели обединети од заедничката пасија, музиката. Корените и музичките влијанија на секој еден од членовите се богати, варираат и тоа е она што ја прави особеноста на нивната музика. Денес DUB Inc. е составена од 7 артисти вклучувајќи 2 пејачи: Хаким Мериџа т.н Бушкур и Орелиен Зоху т.н Комлан.

itw_dub-incorporation (1)

Зошто DUB Inc.? <> е вид музика кој потекнува од Јамајканското реге кое се карактеризира со манипулација на инструменталот и вокалите. <> за инкорпорација, сведочи за желбата за музички микс, вистински диверзитет во кој различни видови на музика се мешаат меѓусебно.

Стилот на DUB Inc. не може да се земе како француско реге, тоа е микс на реге, раи (алжирска фолк музика), рап, електро-фанк, рок итн. Мешањето на стиловите и музиката низ светот е една од причинитте за постоењето на оваа група каде секој член влезе со сопствениот музички универзум и ја збогати колективната работа.

Текстовите на DUB Inc. поставуваат политички прашања на танцувачки ритми.  Групата во песните го изразува бунтовничкиот дух на цела една генерација. На пример, песната ”Се’ што тие сакаат“ третира теми поврзани со исклученост и имиграција. Групата која напорно работи на овие теми, ја охрабрува публиката да реагира.

Како независна група, DUB inc. има свое лого и сама ги координира нејзините тури. Придружена е само од дистрибутор и тур оператор. Оваа организација им дозволува да изградат близок однос со публиката, со потполна слобода.

tOine_DubInc_Affiche1 (1)

DUB inc. е група позната поради настапите во живо. Иако не е доволно рекламирана, успева да направи одлично шоу на секој концерт и да победи на натпреварите како што тоа беше случај со Fair Contest во 2014 и Web Reggae Awards во 2008. За членовите на групата, тоа е различен начин да се создава музика настрана од списанија, претпочитајќи мала сцена на голем фестивал. За време на шоута, пејачите и останатите музичари не се двоумат да вклучат публика која пее, танцува и скока. Песната “Jump Up”  која се изведува на крајот од секој концерт, и дозволува на групата да биде во интеракција со публиката правејќи таа да седне за потоа да ја наведе да се движи по ритамот на музиката.

maxresdefault

Извадок од нивната песна: “Се’ што тие сакаат”:

Родени во Франција Јеааа! Ја обожувам, тоа е мојата земја

Кога таа ги почитува нејзините синови и не поддржува,

Ние стоиме право, годо, нашите корени, нашите татковци,

Плодот на заедничка историја, љубов и омраза одат заедно

И трите бои на знамето

Не се доволни за да го обојат овој борд

Од оваа земја, од овие прекрасни луѓе

Идентитетот не е само збор

Тоа што го направија нашите татковци,

напуштајќи или бегајќи од нивната земја

Менувајќи хемисфери,  внимание на сите овие секти

Нивното прилагодување на оваа нација

Беше добиено преку потта од нивните веѓи

Овде за да победат во борбата,

да го најдат нивното место

Отровна атмосфера, денес повеќе од вчера

Толку многу прашања, збунетост

Да се биде Французин не е само одлука!

Жилиет Карон

Advertisements

Categories: Мислење

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s