Мислење

Постигни повеќе!

Во текот на целиот живот учиме, зошто тоа да не го правиме на еден забавен и ефективен начин? Активното учење е процес во којшто луѓето прават повеќе отколку само пасивно да слушаат, се вклучуваат во активности како читање, пишување, дискусии или решавање на проблеми кои промовираат анализи, синтези и евалуации. Активното учење ги ангажира луѓето од два аспекти – да прават работи и симултано да размислуваат за работата и целта во позадина со што ќе ги подобрат способностите за размислување.

bigstock-lightbulb-vector

Принципи на активно учење:

  • Решителност:релевантноста помеѓу задачата и преференциите на личноста
  • Рефлексивност:индивидуалната рефлексија на она што е научено
  • Преговарање: преговори за цели и методи на учење помеѓу лицата и професорите
  • Критика: луѓето почитуваат различни начини и средства за учење на содржината
  • Комплексност: луѓето ги споредуваат задачите со комплексноста од реалниот живот правејќи рефлексивни анализи
  • Управување со ситуации: посебни вештини за управување со конкретни ситуации
  • Ангажираност: задачите од вистинскиот живот се рефлектирани во активностите со кои се спроведува учењето

Вежби за активно учење

Класната дискусија може да се одржи лице во лице или во онлајн средина. Дискусијата бара од учениците да размислуваат критички за предметот и да употребуваат логика да се оценат ставовите.

Мобилно учење е процес на учење каде две лица алтернативно поставуваат и одговараат на прашања во врска со материјалите. Учениците го читаат материјалот и ги запишуваат прашањата што ги имаат и потоа ги дискутираат со останатите.

Група за учење. Тоа е работа во групи од 3-6 луѓе и им се дава задача на која треба да работат заедно.

               Студентска дебата е активен начин за студентите да учат бидејќи им овозможува на студентите шанса да заземат позиција и соберат информации кои ќе го поддржат нивниот став и ќе го објаснат на другите.

Видеото им помага на студентите да разберат што учат и претставува една алтернатива за презентирање.

Learning-Pyrramid

Групните игри се сметаат за еден енергичен начин на учење затоа што не само што им овозможуваат на студентите да го прегледаат материјалот пред некој голем испит, туку им помагаат и да уживаат учејќи некоја тема.

Учење преку подучување е исто така пример на активно учење затоа што студентите активно истражуваат одредена тема и подготвуваат информации кои ќе ги презентираат на класот. Ова им помага на студентите да ја научат својата тема подобро и понекогаш да научат да комуницираат подобро со нивните колеги и професори.

Постојат и други примери како што се: мали групни дискусии, think-pair-share“, кратки писмени вежби или one-minute paper”,, сложувалка техника, mindmaps, „gallery walk“ итн.

636096913775397104-1736597709_learning

Значи, ако треба да научите нешто и не знаете од каде да започнете, започнете со ова, вклучете други луѓе, гледајте документарци, дискутирајте, запознајте ги вашите пријатели со темата, вежбајте и забавувајте се додека ја постигнувате најдобрата верзија од себе. 🙂

Лаура Бабаитите

Преведе: Ангела Рајчевска

Advertisements

Categories: Мислење

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s