ТРЕНИНГ КУРС Е2- ТРАНСВЕРЗАЛНИ МЕТОДИ ВО ФОРМАЛНО И НЕФОРМАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Име и презиме на учесникот: Ива Стојановска – Јакимовски, училишен психолог, вработена во СЕПУГС Васил Антевски Дрен, Скопје

Место и период: Санта Колома, Барселона во период од 21 до 26 март 2017 година.

Испраќачка организацијата: Волонтерски Центар Скопје

Домаќин организација: Мундус, Шпанија

На тренинг курсот беа обработувани методите кои се користат во неформалното образование и како истите тие може да се користат во секојдневното формално образование. Поради оваа цел повеќето учесници од групата беа наставници од различни земји, но имаше и претставници на не владини организации, со цел да се оствари контакт помеѓу учесниците кои подоцна би прераснал во соработка.

Тренинг курсот беше интерактивен,динамичен, практичен и мошне корисен, особено за мене како наставник кој секојдневно се сретнува со оваа проблематика.

Целите на проектот, размена на искуства од образовните системи, размена на добри практики, остварување контакт меѓу учесниците за понатамошни проекти, креирање простор за соработка на невладините организации со училиштата, како и собирање повеќе знаење и искуство за употреба на неформалните методи беа комплетно постигнати.

Беа обработени и ЕРАСМУС+ апликациите, организаторите даваа практични примери и корисни совети за аплицирање на проекти и пополнување на соодветните апликации.

Групните активности овозможија сите учесници да земат активно учество низ целиот тренинг курс, да разменате искуства, успешни практики од своите организации и да научиме многу повеќе за самата програма и начини на кои може да аплицираме за сопствњни проекти. Мошне значајно беше што сите активности се одвиваа преку методот учење преку правење, што доплнително ја згоелмуваше активноста и вклученоста на секој учесник.

Посетата на средното училиште во Саната Колома и можноста да видам како функционира друг образовен систем, го издвојувам како најзначаен дел од тренинг курсот за мене. При посетата имав можност да разговарам со вработени-насатавници во училиштето, да добиам увид во нивниот начин на работа, а исто да поразговарам со учениците и добијам слика за нивните предизвици, желби и ограничување.

Учеството на овој тренинг курс ми овозможи да запознаам луѓе од различни организации кои сметам дека би биле одлична можност за остварување на идни проекти со мојата организација.

Ива Стојановска Јакимовски

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: