Ерасмус+

Обука за Обучувачи”It’s up to Me 4”

IMG_1625Браунлаге мало идилично село на планините Харц во североисточна  Германија.  Атрактивно туристичко место кое ги мами посетителите и лето и зима. Спортски развиен за велосипедизам, скијање, планинарење и параглајдерство . Местенце кое изобилува со прекрасна природа, во средината на националниот парк Харц, свеж воздух, зелени пејзажи и мир кој секој би го посакал за да избегне од градската џунгла и да се одмори.

IMG_1797

Бараунлаге е местото каде во периодот од 30 Март до 7 Април 2017  претставници на Волонтерски Центар Скопје Ивана и Рушид, заедно со уште тројца млади обучувачи од Македонија  Александар, Александра и Ненад имаа можност да бидат дел од обуката за обучувачи со наслов “It’s up to me 4” заедно со уште 30 млади луѓе од Белорусија,Германија, Шпанија,Босна и Херцеговина,Турција и Грција.

Основата на самиот проект е наменета на сите идни младински обучувачи да им овозможи да ја зајакнат нивната одговорност за пренесување на знаењето во рамките на организацијата, како и  организирање и реализирање на проекти.

Неформални методи на едукација беа главна алатка на обуката каде преку практичен начин учесниците имаа директна можност да бидат поставени во улога на обучувач/учесник.

Во зададени рокови да подготват и спроведат зададени активности со цел да ги постигнат  своите задачи.

Целите на обуката беа:

IMG_1511-“ Know-how” – да се обезбедат учесниците со информации за тоа како некои нешта треба да се направат,зошто некои работи се прават на  одреден начин, она што е се крие зад еден добро организиран проект, да се биде дел од процесот на донесување одлуки, во подготовка на активностите и потребните измени за прилагодувања во зависност од ситуациите.

– Подобрување на меки вештини на учесниците, како што се јавно говорење, презентациски вештини, само-изразување, вештини за слушање итн

– Обезбедување на методи и алатки за споведување на работилници – различни видови на симулации, градење на тимски дух во групата,бура на идеи, создавање на средина за учење, креативна средина, итн

– Работилници каде се  вклучени емоционално самозапознавање, слушање на вашето тело и емоции. Да се биде на сцената / рефлектор да се биде  свесен за она што се случува во внатрешноста во вас и да се развие способност да управувате со себеси.

– Обезбедување на  повратна информација до  и од учесниците.  Многу е важно да се добијат повратни информации, да се направи тоа повторно, со цел да се види како расте нивото на примање информации кај учесниците во текот на проектот.

IMG_1808

–  Да се покажат различни стилови на обучувачи. Обучувачи од различни средини и професии кои имаат многу различни стилови што му помогна на учесниците да се види различни пристапи и начини на работа кои водат кон изнаоѓање на свој уникатен стил во иднина

– Покрај менторство и повратни информации за време на проектот, во ова издание на проектот се воведува процесот од 6 месеци менторство за сите учесници по завршување на проектот до нивното следно или прво искуство на спроевдување на обука.

– Лична рефлексија-самопроценка – Понекогаш младите тренери не се свесни за квалитетите кои ги имаат и работите кои тие ги знаат. Самопроценката како алатка за учесниците да се оценат кои  работи добро ги знаат, кои работи сеуште треба да се научат.

– Критичко размислување – Учесниците имаа можност да анализираат сè и можност да развиваат  критично размислување. По секоја работилница се анализира зошто обучувачите го направиле  ова или тоа- осврт на дневните активности;

– Можности за квалитетна обука и  искуство. Организирање на заеднички проекти, создавајќи базен на обучувачи, и понатамошна  можност да се бидат тренер во сенка.

IMG_1512

Обучувачот не е само човек кој доаѓа за еден проект, прави неколку работилници и  си оди. Обучувачот е многу повеќе од тоа – некој кој се грижи за учесниците, кој поседува голема вештини за управување и е во состојба на голема импровизација во кризни ситуации.

Улогата на обучувачот како “ѕверка” на обуката ги има конците во раце за да ја држи контролата на групата, да ја менаџира динамиката на групата за поголема интерактивност .

Да си прилагодат предвидените активности спрема нивото на учесници на обуката или променување на одредени активности во зависност од настанати ситуации за време на проектот со цел успешно и квалитено реализирање на проектот.IMG_2208

Говорот на телото, справување со кризни и непредвидени ситуации, јавно говорење и одржување на интерактивноста на групата на одредено ниво се алатки  и вештини кои на секој иден обучувач ќе му бидат од големо значење во спроведувањето на проектите и обуките.

Покрај добро исполнета агенда на активности на обука, замислата на спроведување на самиот проект на организатор Дарко Митевски беше одлична, со тоа што имавме  заедничко готвење и преставување на својата земја преку храната, обичаите и навиките кои секоја нација си ги носи со себе или останатите ги препознаваат.

17861813_10212753941667753_707307049238674077_n

Подготовки за вкусна традиционална македонска  вечера, сценарио како ќе се претстави традиција од македонска свадба, обичаи и како ги пречекуваме гостите па се до заедничко славење. Одличен начин на зближување и функционирање на еден национален тим .

И за крај заклучок за еден обучувач- Како главен актер  на една обука, обучувачот е тој кој го води проектот, ја држи групата на учесници на нивото на проектот во склоп со поставените цели и задачи, ги спорведува активностите со цел да ги задоволи очекувањата на учесниците. И сето го дава успехот на нашата работа и кавалитет ,а сето тоа Зависи од Нас!!!

Ивана Анѓеловска,

  Рушид Махмуд

 

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s