Македонски студенти стануваат бранители на Човекови Права

sito web model

Можеби не многу луѓе знаат што се тоа човекови права. Всушност многу е лесно да се сфати: човекови права се оние права што секој човек ги има од раѓање и тоа се правото на живот, на соодветен животен стандард, на образование, на здрава животна средина, на слобода при избор на религија, на слобода на мислење и говор.

model 22

Познавањето на овие правила е важно посебно во рамките на образованието со цел борба против секој вид дискриминација и социјална ексклузија и за да се развие критичко размислување во однос на стереотипите и предрасудите кои се секојдневна појава во секое општество. Ова е една од главните цели на “Модел- Бранители на Човекови права во училиште” имплементирано од ИСЈЈ(Интернационална Соработка Југ Југ), италијанска невладина организација со седиште во Палермо и финансиски поддржана од Делегацијата на ЕУ во Скопје.Проектот има за цел да рашири знаење и свесност за човековите права и интеркултурниот дијалог во 8 македонски средни училишта во општините на Тетово, Неготино, Струга, Гевгелија, Богданци и Валандово.

studenti4

Во оваа рамките на овој проект, околу 50 наставници се вклучени во спроведувањето работилници за едукација за човекови права, неформален метод на учење и методи за надгледување на случаевите на дискриминација во училиштата. Во јадрото на проектот се наоѓа “Модел Европска Унија”, вид на средба помеѓу ученици со различни позадини кои дискутираат во вид на собрание за релевантни социјални проблеми и се обидуваат заеднички да дадат предлози за одреден специфичен проблем и да изнајдат решение.Знаејќи и штитејќи ги сопствените права како и оние на другите, учениците стануваат бранители на човековите права. За време на овие средби, учествуваа експерти од македонските неформални организации како GoGreen за правото на здрава животна среднина, LGBT центарот за поддршка за општествените права на LGBT лицата, Телевизија ТЕЛМА за да зборува за правото на слобода при изразувањето во јавноста. Невладината ИСЈЈ воспостави добра соработка со Волонтерки Центар Скопје и во декември, во чест на Денот на Човековите Права, беше организиран флеш моб од страна на двете организации со учество на гитаристката Тања и прекрасниот глас на Лена којашто ја испеа “Imagine” од Џон Ленон. Понатаму, проектот истотака вклучува и истражувачки план на тема дискриминација и социјална инклузија во секундарниот училиштен систем.

studenti1

Во рамките на ова истражување ќе се собираат мислења од учениците преку анкети и интервјуа.Собраниот материјал ќе се искористи за создавање аналитичко истражување со податоци и информации за најчестата форма на дискриминација, мерките превземени од училиштето, мислењето на студентите за мигрантите, хомосексуалците, феминизмот, лица со различна културна и јазична позадина. Но, зошто зборувањето за човекови права е толку важно? Со оглед на интернационалната заедница и институциите за човекови права, едукацијата за човекови права е денес важна алатка и мора да се рашири помеѓу младите. Новите генерации би биле потолерантни, со повеќе почит кон разликите. Во глобалниот свет каде се е поврзано, луѓето доста често забораваат да се позврзат со останатите и да дадат придонес во градењето на мирољубива средина заснована на правда, еднакви права и почит кон разликите. Токму затоа треба да ги штитиме и промовираме човековите права, бидејќи сме сите човечки суштества и треба да соработуваме наместо да војуваме.

Валерија Феранте
Превод: Александра Јовановска

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: