Разновидност е најдобриот израз на слобода. Ако разновидност ви пречи, тогаш сте родени на погрешен планета. И токму затоа не треба да го напаѓаме она што не го знаеме. Тоа беа главните пораки од обуката која се одржа во Бар, Црна Гора од 03-12 март.
Нашата организација испрати тројца млади волонтери да учествува на втората активност на проектот како сите заедно да се кренеме против говорот на омраза, а во организација на невладината организација “Прима”од Црна Гора. Во прекрасниот Бар, 40 учесници од 10 различни земји, научивме дека она што е добро за мене, не мора да биде добро и за тебе и она што е совршено денес не мора да значи дека ќе биде совршно и утре. Основната цел на овој проект беше се едуцираме за тоа како да се создаде и да ја стартува кампања против говорот на омраза во државите – партнери во овој проект. Научивме алатки кои ќе ни помогнат да се бориме против: говор на омраза, злоупотребата на моќ, родово базираното насилство, национализмот, расизмот, сексуална злоупотреба и дискриминацијата, како и социјалната исклученост и сите последици предизвикани од неа.
Во првите денови ги споделивме нашите очекувања и стравови кон овој проект и нашиот потенцијален придонес во проектот, имавме активности за градење на тимот и се едуциравме за насилството – видовите и причините. Не ме убивај затоа што несум како тебе – беше нашиот главен слоган. Разговаравме за говор на омраза и концептите како што се дигитални безбедност, интернет измами, малициозен софтвер, онлајн предаторите, секстинг. Дискутиравме и за влијанието и ефектот на говорот на омраза.
Сега беше наш ред да бидеме креативни и да допринесеме со идеи за промотивни видеа / филмови кои ќе го превенираат говорот на омраза и дигиталното насилство. Откако ќе ги уредивме и да се финализиравме видеата, ние изнајдовме различни стратегии за дејствување и практични алатки за превенција. Потоа работевме во националните тимови и развивавме нашата национална активност и планови за спречување и борба против онлајн насилството и говорот на омраза. На крајот, пред да се вратиме на нашите земји ги изложивме нашите национални планови за престојната кампања. Со цел да ги позитивна акција во нашата земја, нашиот национален тим се потруди да се развие позитивна визија. Поради тоа се вративме дома полни со ентузијазам и подготвени за акција.
Но, тоа не е се. Можеме да се пофалиме дека имаме добра основа за вториот дел од кампањата. Двајца од нашите волонтери, Рушид и Дарко, кои беа дел од првиот тренинг, претходно ги пренесоа идеите на младите во Скопје со организирање на кратоки но продуктивни курсеви во врска со оваа тема.
Нашиот тим верува дека само со размислување нема да се надмине стравот, мора да се дејствува.
На крајот на денот, ние се сме оние кои одлучуваме дали ќе бидеме дел од проблемот или дел од решението.
Данче Азманова
Leave a Reply