Ерасмус+

Италија, Сицилија, Еразмус+, меѓународно дружење , сонце …

IMG_9241

Уште еден Еразмус+ проект со многу оптимизам, одлично расположение и тема од која може многу да се научи.

Од  4ти до 12ти Април, како претставници на Волонтерски Центар Скопје од Македонија заедно со Ана Јанкуловска бевме учесници на  младинската обука

DSC01813

“With Media Literacy towards Cultural Awareness and Tolerance” проект кој се обрна внимание на важни работи при работа со деца, помали и поголеми групи од различни средини, земји, култури и економски ситуациии. Земајќи го во предвид и големото влијание на медиумите во денешното општество и врз генерациите што доаѓаат.

Заедно со Ана како двајца учесници од Македонија тргнавме со многу оптимизам и позитивни мисли во оваа авантура на најјужниот дел од чизмата на Италија.

18142800_120332000396272751_236136643_n

Италијанците, и организаторите не пречекаа традиционално со Италијанска пица и пријателски однос. Местото  Петралиа Сотана каде што беше организиран проектот и сместувањето, навидум гратче без никаква активност, во сред пустина, прерасна во место со одлични  спомени.

Со почетокот на проектот започнавме со срамежлива атмосфера, меѓусебно запознавање, претставување на проектот, околината и местото каде што бевме сместени.

Игри и работилници кои доведоа до зближување и запознавање на учесниците кои беа од неколку земји, Македонија, Италија, Шпанија, Латвија, Англија, Чешка, Финска, Португалија, Турција и Унгарија.

18136832_120332000380340166_1429240217_n

Следно, почнавме со запознавање со темата на проектот, работилница за тимска работа каде што имавме задача да направиме колку е можно повисока конструкција од картон. Од секој учесник, од секоја земја се споделуваа идеи за да се дојде до најдоброто решение.

Како што се доближувавме до средината на проектот дојде ден за волонтирање во општината на Petralia Sottana. Како дел од проектот сите учесници земавме активност во средување на локалниот парк и припеми на театарот за летните претстави кои ги организира општината.

Во наредните денови го посетивме и Cefalu и ги видовме туристичките убавини на Сицилија, град на плажа, сонце, песок, пејсажи, место за уживање.

Како што се доближуваше крајот на проектот така се ориентиравме кон Медиумската писменост , справување со медиумите, нивното влијание на општеството. Во организираните работилници можеше да се слушнат разни искуства, мислења и идеи од други земји и култури за објективно справување со медиумите.

IMG_9404

Во целост одлично организиран проект, со ретко сложна позитивна група на учесници. Прекрасно искуство, многу нови и вредни пријателства. Како што дојде крајот на проектот, така дојде и тага што треба да се вратиме назад, но и задоволство што бевме дел од ова интеркултурно друштво.

Дениел Јанков

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s