Интервју

Мистер Бин

mrbeanfeat

Претпоставувам не сум единствениот кој го обожава Мистер Бин. Бин, помеѓу читателите и писателите, е еден себичен, проблематичен и нарцисоиден карактер кој воедно е опасен за оние кои живеат околу него. Додека гледате Мистер Бин, се забавувате гледајќи ја уметноста на Роуан Аткинсон. Понекогаш се замислувам како би било кога Бин би живеел во моето соседство. Дали би било неподносливо или пак интересно за гледање? Како и да е, ајде да видиме што сè не знаеме за Мистер Бин, или што е она што никогаш не сме го слушнале за него.

Поминаа 25 години од моментот кога светот за прв пат го запозна Мистер Бин.
Од тогаш, големиот број на лудории одиграни без ниту еден изречен збор се емитуваа во повеќе од 245 територии во светот и го направија актерот Роуан Еткинсон познато име (да не зборуваме за неговото богатство).

Сè започна  со едно огледало

Ликот на Мистер Бин бил создаден кога Роуан Еткинсон студирал мастер  на Оксфорд. ,,Во првиот семестар, од мене побараа да направам скеч за едно ноќно шоу. Никогаш претходно не сум пишувал, во суштина јас не сум писател, а пред себе имав за задача да смислам пет минути претстава за само 48 часа” рече Британската ѕвезда. ,,Јас само застанав пред огледалото, и започнав да си поигрувам со моето лице правејќи различни гримаси. Одеднаш, овој чуден, надреален, нем карактер еволуираше.”

Г-динВрен?

MRBEAN3
Мистер Бин не бил од секогаш познат како Мистер Бин. ,,Почнавме со (г-дин) Тиквички”, рече Аткинсон. ,,Или Г-дин Компир, или г-дин Карфиол или г-дин Зелка. И тогаш помисливме, грав. Кратко и глупаво. Или тоа, или име на птица, како г-дин Врен. Птиците и зеленчуците имаат тенденција да бидат најсмешните имиња. ”

Мистер Бин е всушност дете.
,,Секогаш кога ќе се обидеме да помислиме на Мистер Бин и како би изреагирале во одредени ситуации во коишто е тој присутен го замислуваме како деветгодишно момче”, рече Аткинсон.  ,,Тие се еден вид на анархисти во срцето и мислам дека тоа е токму она што всушност е Г-дин Бин, анархист.” ,,Тој ќе ги почитуваат правилата се додека тие му одговараат на него. ,,Претпоставувам тоа исто така објаснува зошто неговиот најдобар пријател е плишано мече”.

Квалитет, а не квантитет
Можете ли да поверувате дека всушност постојат само 14 епизоди од Мистер Бин? Оваа ТВ серија, која се емитуваше од 1990-1995 година, подоцна инспирираше два филма: The Ultimate disaster (1997) кој заработи 356 милиони долари, и Mr. Bean’s Holiday (2007), кој заработи 325 милиони долари.

Mr-Bean

Вистински чувства
Кога луѓето ќе го забележат Роуан Еткинсон во јавноста, тие имаат тенденција да го наречат Мистер Бин, наместо по неговото вистинско име. Ова малку го иритира актерот којшто всушност не е голем фан на ликот.
,,Од една страна го почитувам ликот бидејќи сакам да се поигрувам со него како една непријатна, себична, детска и смешна фигура, но, во исто време, ликот не ми се допаѓа како личност.”
,,Тој е лик кој го играв 20 или 30 години, сега сум среќен што ќе му кажам збогум на Г-дин Бин “, рече Аткинсон.
,,Mислам дека не би можел да го играм истиот лик повторно, бидејќи не можам да поднесам да гледам како старее “.

Преведе:Ангела Рајчевска

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s