Култура

Потеклото на фудбалот во Кина

35mm original

Англичаните не го измислиле фудбалот бидејќи во секоја доба- од Маите до Римјаните- имало спортови играни со топка. Во фудбалот како и во други аспекти од историјата, треба да се однесуваме помалку Евро-центрирано. Да речеме дека преку Круните преку Крунската колонизација ја покажале на светот нивната верзија на фудбал, онаа која денес ја гледаме и практикуваме.

football china 3

Кога Марко Поло бил во Кина се соочил со друга реалност, затекнал многу поголема културна и научна развиеност од онаа европската, која била занемарувана почнувајќи од Средниот век. Кина била понапредна на сите полиња вклучувајќи го и фудбалот.

Тсучу

Модерниот фудбал во Кина започнал во 1890 година, следејќи ја крвавата Војна за Опиум и освојувањето на Хонг Конг од страна на Британците. Бил период полн со понижувања за Кинезите, нападнати од секој агол од силите на Западот, но другата страна на паричката ни кажува и за период на културна контаминација.

football china 1

Англичаните стигнале до источниот дел на Кина донесувајќи го фудбалот од различни пристаништа како оние на Шангај и Тјанџин. Но, за ова се зборува дури во неодамнешната историја  бидејќи тоа што е англиско е практично кинеско и ние треба да скокнеме назад 4500 години, стигнувајќи до Жолтата Империја на Хуангди за да ги најдеме почетоците на фудбалот во Кина. Всушност, воените трупи се испробувале себеси во игра  наречена тсучу што буквално значи “топка удрена со стопалата”

 

Целта била да се удри кожна топка исполнета со женска коса во дупка формирана од 2 бамбусови стапа. Легендите од тој период ни кажуваат дека губитниците биле принудени да одат многу километри во пустината и кој ќе ја изгубел топката, бил осуден на смрт. Според историските пронајдоци, тсучу се родил во источната провинција на Шандонг, земјата на Конфучие, односно во гратчето Зиво коешто денес е национален музеј посветен на фудбалот во округот Линзи- каде се’ започнало пред илјадници години.

football china 4

Можеме да го сметаме Зибо како лулка на најсаканиот спорт во светот иако парадоксално во моментот, во градот не игра ниту еден професионален тим. Во родното место на фудбалот, во 2011, обидот за поставување нов светски рекорд во фудбал имаше посебно значење за жителите. На настан организиран како дел од Интернационалниот Ки Културен Туристички Фестивал, 1377 студенти и фудбалски фанови од околината се собраа за да ја добијат титулата на најмногу луѓе кои ја задржале топката во воздух. И покрај лошите климатски услови, обидот успеа да ја постигне зацртаната висока цел од 1062 учесника поставена од студентите од Универзитетот Јанбјан во Кина во 2009.

 

Моќта на фудбалот

 

Се вели дека претседателот Ши Џинпинг е лудо вљубен во фудбал. Мислам дека е подобро да се каже дека Ши, наместо фудбал, е вљубен во “полисата на мека моќ”, односно употребата на невоени ресурси за да се постигнат дипломатски цели. Со сигурност тоа не е прв пат во кинеската историја. Веќе во 206 година п.н.е императорот Лу Банг ( почетоците на династијата Хан) го поставил фудбалот во срцето на неговото владеење. Кога станал император, Лу Банг изградил фудбалски терени околу неговата империја. Легендите раскажуваат дека тој бил лудо вљубен во овој спорт кој одиграл социјално важна улога за време на постоењето на династијата Хан.

guinness 1

Пронајдок од 50 години н.е сведочи за ширењето на овој спорт во Јапонија и првите меѓународните натпревари. Прво со Лу Банг и потоа со императорот Вуди, правилата на тсучу биле кодификувани и преточени во официјални документи. Од нив може да разликуваме два вида на игра: “жукју” и “бајда”. Првиот е натпреварувачката верзија каде се победува со давање на повеќе голови во тимови составени од 12 до 16 играчи и гол кој можел да се смени од отвор задржан со две бамбусови стапа до делови од ѕид. Натпреварите биле организирани на терен за време на дипломатски настани. “Бајда” од друга страна била вежба за жонглирање каде головите немале значење тука начинот на изведба.

Првиот куп и деклинацијата

Модерната историја ни кажува дека најстариот турнир бил ФА Купот чие прво издание се одржало во 1872. Во финалето одиграно на 16 март, London Wanderers победиле со 1-0 против London Engineer.

guinness 2

Во Азија првиот официјален турнир бил Дуран купот во Индија во 1888 додека  во Кина, поточно во Хонг Конг, Challenge Shield бил одигран во 1898. Но, ако навистина сакаме да одиме во детали, првиот официјален натревар бил Кин Јун Ше одржан во династијата Сонг (960-1279 година н.е). Тсучу станува професионална пракса, од една страна постоеле атлети кои настапувале на игралиштето, а од друга жители кои заработувале играјќи по селата и градовите.

Кина и тсучу се соочиле со деклинација за време на постоењето на Династијата Минг, по период на војување на различни фронтови. Империската моќ била превземена со заговор и последователното завладување на династијата Чинг во 1644. Во овој последен дел од ерата на Империјата тсучу исчезнал бидејќи во пракса не се почитувале правилата на Конфучиевата философија која строго ги делела социјалните класи. Благодарение на спортот, еден доста вешт фармер можел да надвладее владин офицер и ова се сметало за неприфатливо. Всушност, во Конфучијството било есенцијално почитувањето за повисоките авторитети, во социјална како и фамилијарна сфера. Ако натпреварувачкиот тсучу (шукју) полека исчезнувал, жонглерската верзија бајда го задржала социјалното значење и се вратила во Јапонија под името кемари.

Денес и утре

Денес Кина изгледа дека склучила примирје со фудбалот. Всушност нејзиното проширување (не само економско) исто така го опфаќа овој спорт. Во изминатите години, клубовите во Кинеската Супер Лига потрошиле вртоглаво високи суми, повеќе и од оние во Европската Премиер Лига. Медиумите воглавно се насочуваат на играчи кои доаѓаат во Кина од Европа и ние се прашуваме дали во иднина Кинеската Супер Лига ќе игра централна улога во Светската фудбалска сцена. По целосно дерегулиран раст, се верува дека цените се предодредени да паднат, а за кинескиот фудбал како и за економијата на земјата, ќе зборуваме за процес на стабилизација дефиниран како “Ново Нормално”. Владата ја заобиколи федерацијата и наметна некои рестрикции за странци и данок плус за оние нарачки чија висина надминува 30  милиони евра. Приходите ќе се доделуваат за развој на младинскиот сектор.

Историјата има променлив баланс. Кој знае дали во иднина фудбалот ќе го смени својот центар на гравитација.

 

Игор Џаманко  Превод: Александра Јовановска

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s