Локални активности

Македонски Модел Обединети Нации 2017

По шестти пат во Македонија се спроведе проектот Македонски Модел на Обединети Нации во имплементација на Коалиција на младински организации СЕГА заедно со Волонтерите од Мировниот Корпус во Македонија._MG_0756

Програмата Модел на Обединети Нации има за целпреку низа активности на младите да им ја  претстави работата на Обединетите Нации како и можност младите да ги зајакнат своите капацитети за застапување, лобирање, преговарање, дипломатија, разрешување на конфликити, јавно говорење и пишување., воедно и да се стекнат со нови знаења.

Волонтерски Центар Скопје како членка и регионална канцеларија на Коалиција СЕГА во перидото од декември до април работеше како локален ММОН клуб со својот клуб координатор и со тим лидерите Бисера Алчевска и Моника Пижевска ги имплементираа активностите кои се дела од самиот проект Симулација на Обединети Нации .18193685_10155490141099925_8174421311186831588_n

Програмата оваа година вклучи млади луѓе на возраст помеѓу 16 и 25 години кои имаат амбиција да бидат дел од демократските процеси, меѓународните соработки, разрешување на глобалните прашања и застапувања и лобирање за разрешување на глобалните ситуации и прашања.

ММОН Конференција која претставува завршна фаза од програмата Модел на Обединети Нации оваа година се одржа на 29ти Април 2017година во  просториите на ФОН Универзитет во Скопје. Учество на оваа конференција земаа 100 млади луге од 12 градови ширум Македонија

На конференцијата се оценуваше познавањето на темата, земјата која се претставува и организацијата на Обединетите Нации, вештините и способностите за дебата и јавното говорење, но и начинот на облекување и односот спрема другите учесници. Секој делегат имаше можност да  дебатира на две теми. Имавме навистина извонредни дебати и откривме многу ангажирани млади луѓе, кои знаат да бидат одлични оратори и идни лидери во општеството .

Во улога на делегати се застапуваа ставовите на 16 земји членки на ОН во 7 различни тела/комитети  на Обединетите Нации и имаа задача да дебатираат на реалните и тековни  светски теми, од намалување на сиромаштијата, бегалската криза, деца во вооружени конфликти, детски бракови, економска глобализација, вработување,  одржување на меѓународниот мир и безбедност, и мерки за борба против тероризмот.
На  оваа шестта конференција се симулираше работата на 7 различни тела/комитети  на Обединетите Нации како:  Советот за Безбедност, Економскиот и Социјален Совет, Генералното Собрание, УНЕСКО, Собрание на животната средина , и за прва пат имасше Младинско Собрани на кое младите делегати имаа можност да дискутираат и да распишуваат резолуција за прашања на национално ниво , прашања кои ги засегаат младите во Македонија

На крајот на годишната конференција на ММОН 2017 не само шо младите дебатираа и разрешуваа глобални прашања, нивното учество на оваа конференција беше наградено со сертификат за учество во програмата Македоснки Модел на Обединети Нации. Додека пак најдобрите говорници кои ги застапуваа интересите на земјата која ја преставуваа а воедно и се обидоа да го постават најдоброто решение за решавање на проблемот беа прогласени за Најдобри Делегати во комитетите/работните тела на ММОН.

Мегу најдобрите делегати беа и делегатите Димитар Манов за Најдобар Делегат на Советот на Безбедност  и Ања Дамеска за најдобар делегат на Генералното Собрание од локалниот клуб на Волонтерски Центар Скопје.

Енергијата и атмосферата која циркулираше во текот на целодневниот настан. беше толку позитивна и мотивирачка во иднина да се продолжи со истото темпо да се имплементира оваа програма и да се вклучат што е можно повеќе млади луѓе од Македонија и регионот.

Досега во овие шест години на спроведување на програмата учествувале над  1000 млади луѓе од цела Македонија.

Македонскиот Модел на Обединети Нации претставува академска симулација на работата Обединетите Нации преку своите земји членки, во Генералното собрание на ОН, Советот за безбедност, Економскиот и социјален совет, УНЕСКО, УНИЦЕФ, ФАО, Комитетот за разоружување и Меѓународна безбедност и Секретаријатот на ОН. Вакви Конференции се организираат во најголемиот број на земји членки на ОН, со цел младите полесно и подобро да се запознаат работата на Обединетите Нации преку практикување на моделот на ОН

18194736_10155490142639925_6283782518772475539_n.jpg“Да се биде дел од ММОН е привилегија и големо задоволство, искуство кое нема зборови да се опише освен да се доживе и да се учествува. Искуство преку кое учиш, се стекнуваш со знаење и вештини, голем ентузијазам кај делегатите и заинтересираност за работа на темата.
И секако пред се се стекнуваш со многу пријатели”  – Моника Пижевска

Автор: Ивана Анѓеловска

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s