Ерасмус+

Обединети младински работници

_MG_0507

Во периодот од 27ми март до 22ри април бев учесник на две обуки во рамки на проектот „Обединети младински работници“ во Битола. Првата обука беше составена од два дела, првиот дел се реализираше од 27ми до 30ти април, по што следеше период на онлајн учење, и вториот дел кој се реализираше во периодот од 19ти до 22ри април. Обуката беше на тема „Методологија на младинската работа: врсничка едукација“.

17861749_1859213234334302_7044541906221502307_n

Втората обука која се одвиваше од 7ми до 11ти април беше на тема „Вмрежување и добро владеење“ и имаше за цел јакнење на капацитетите на членките на сојузот за младинска работа. Носител и реализатор на проектот беше МКЦ Битола, а партнери на проектот беа Креактив од Кавадарци, Мрежата на млади од југоисточна Европа, мрежата НАПОР од Србија и Сојуз на младинска работа(СМР). Сите учесници беа претставници на организациите членки на СМР и како што веќе напоменав, целта на овој проект е да се зајакнат капацитетите на овие организации.

Првиот дел од првата обука беше доста обемен. Беа опфатени теми кои ги обработува младинската работа, а се насочени кон врсничка едукација. Постоеше огромна соработка во групата и веќе сите учесници активно учествуваа во процесот. Овој дел донесе силна мотивација на учесниците, да во наредниот период до вториот дел од обуката активно работиме на поставените задачи од страна на тренерите. Во следниот дел, односно делот на онлајн учење, имавме задача во тимови да работиме на реализирање врсничка едукација врз учесниците во групата на тема која секој тим ќе ја избере, а сметаме дека е потребна да се обработи на оваа обука. Тимот во кој што јас учествував се состоеше од учесници кои жиеат во различни градови, но тоа не не спречи да работиме активно на задачата. По неколку онлајн состаноци веќе се чувствувавме подготвени да одговориме на предизвикот и да ги реализираме нашите планови.

Во меѓувреме се случи и втората обука за вмрежување и добро владеење, на која учесниците беа од истите организации како и на претходната, но овој пат имаа различни претставници. Јас и уште двајца учесници бевме претставници на нашите организации и на двете обуки. Повторно темите кои се обработуваа имаа за цел јакнење на капацитетите на младински организации. Овие теми се насочуваа кон структурите и водењето на организациите, како тие меѓусебно може да се вмрежат и кои се придобивките од вмрежувањето. Преку лични примери на тренерите кои се дел од раководството на мрежата на млади на југоисточна Европа, многу блиску се спознавме со вмрежувањето како такво и кои се позитивните и негативните страни. На самата обука учевме комуникациски вештини кои би ги искористиле доколку се вклучиме во работата на мрежата, можни проблеми и предизвици со кои би се соочиле и како да ги решиме. Обуката беше доста продуктивна, но недостакотот на вклученоста на учесниците во работата на матичните организации ја правеше групата навидум пасивна во текот на сесиите. Од друга страна пак, јас тоа го доживеав како мотивација за повеќе да се вклучам во работата на организацијата.

IMG_0515

Во текот на онлајн учењето поврзано во првата обука, секој од нас имаше задача да одржи индивидуална работилница и самостојно да работи на истата. Скоро и да бев неодлучен дали да се фокусирам на некоја „скокотлива“ тема од типот – „репродуктивно здравје“ или нешто поврзано со одредена вештина.  Сепак на пресекот одлучив дека темата на мојата работилница ќе биде „Комуникациски вештини и активно слушање“ и во разговор со координаторката Ивана Анѓеловска, се договоривме таа да се одржи на 18ти април во просториите на ВЦС. Работилницата помина во одлична атмосфера и читајќи ги листовите за проценка сфатив дека работилницата беше успешна.

Поради големата заинтересираност од локалните млади работилницата „Комуникациски вештини и активно слушање“ беше спроведена два пати и заедно успеавме да опфатиме 40 млади луѓе кои имаа желба да ги подобрат своите комуникациски вештини и да дознаат повеќе за начинот на комуницирање/

18033151_1496038140459685_717491536859900693_n

Вториот дел на првата обука започна прилично возбудливо. Секој тим беше веќе одредил што ќе обработува. Некои беа спремни, а некои го искористуваа секој миг да ги ревизираат своите план сесии и да увидат што би можеле да додадат/одземат. По секоја сесија имавме дискусија околу нив. Секој учесник индивидуално изнесуваше свои гледишта за работата на тимот како целина и индивидуално за секој член посебно. Во нашиот тим се чувствуваше возбуда и едвај чекавме да почнеме со сесиите за на крај да слушнеме што имаат другите да кажат за нашата работа и да ги добиеме нивните сугестии, како да се подобриме. Кога веќе се приближуваше крајот, почнавме секој посебно да ги сумираме впечатоците и да ги изнесеме своите гледишта.

Во овој момент чувствувам огромна благодарност кон Волонтерски Центар Скопје, кои ми овозможија да бидам дел овој проект и несебичната поддршка и соработка која ја имав за време на целиот процес. Се надевам дека оваа атмосфера и мотивација која ја добив нема да стивне уште долго.

Оливер Андреевски

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s