Волонтерски Центар Скопје, започнувајќи официјално од Април 2017 година, стана членка на мрежата на “Европската организација за врснички тренинг” (EPTO), со седиште во Брисел.
Членки на “EPTO” се најразлични организации, кои доаѓаат од голем број европски држави. Во насока на членството, ВЦС беше дел од годишниот настан на мрежата (вклучувајќи го и годишното собрание), кој се оддржа од 8-10 Април 2017 година, во Берлин, Германија, каде што најголем дел од членките беа присутни. Темата на годишниот настан беше растот на екстремизмот на Европскиот континент и настанот понуди отворен простор, во кој младинските работници го разгледуваа прашањето како проблемот со екстремизмот може подобро да се адресира преку врсничка едукација.
Историски гледано, “EPTO” секогаш бил инволвиран во процесот на разбирање на механизмите на инклузија и исклучување во општеството и работи на темата на што е тоа што ги храни сите типови на екстремистички идеологии: ксенофобиjа, расизам, сексизам, хомофобиjа, исламофобиjа, и/или антисемитизам, и/или Рома-фобија и или Афрофобија, и насобраната омраза насочена кон бегалците. Овој настан послужи да се направи увид на потребите на членовите на мрежата и да развијат партнерства, кои ќе придонесат кон зголемување на комплексноста, точноста и суптилноста во дискусијата, во духот на врсничката едукација, со што би се овозможило на нам и на младите да тестираат, да прават грешки и да користат “погрешни” термини, додека се дискутира на таа тема.
“EPTO” овозможува простор и креира терен каде што младите можат да бидат учени но и да учат други млади, да ги споделуваат со своите врсници своите вештини, во духот на соработката. Во “EPTO”, индивидуалното знаење станува колективно. Членките на “EPTO” се катализатори за врсничко образование. Тие можат да бидат едукатори на млади или да креираат услови за врсничкото образование да се случува само помеќу младите, преку тренинг, менторство и тренирањето, кое предизвикува домино ефект.
Преку активностите на “EPTO”, младите можат да:
- Научат повеќе за себеси и да ја запознаат човековата разноликост.
- Начат како да станат врснички едукатори и да обучуваат млади на различни тематики: различност и анти-дискриминација, здрав живот, партиципација…
- Се запознаат со дриги врснички едукатори и младински работници, преку практикување на врсничка едукација.
- Учествуваат на состаноци на европско ниво со други млади луѓе.
- Станат активисти и да иницираат сопствени проекти.
- Направат разлика…И ризик да имаат забава во текот на активностите. (http://epto.org/).
Ние, од Волонтерски Центар Скопје, сме и повеќе од задоволни што добивме покана да се приклучиме кон оваа мрежа, како единствено здружение на граѓани од Македонија. Во таа насока, ние би сакале и да ви објавиме дека почнувајќи од Јуни,
Leave a Reply