Мерсин

Мерсин е едно извонредно место. Не го кажувам ова бидејќи потекнувам од таму, туку го кажувам ова бидејќи поминав 20 години во Мерсин, и бев толку љубопитен да ги најдам најдобрите места, неоткриените области кадешто одев со пријателите на скара, пиевме Раки и се опуштавме во природата. Да бидам искрен, тоа е она што јас го сакам. Затоа, со цел да најдам едно место за опуштање, се потрудив и најдов многу добри локации кои се непознати за поголемиот дел од локалното население, додека повеќето луѓе би сакале да одат во трговскиот центар и да поминат цел викенд таму.

boğsak

Понекогаш, бегањето од цивилизацијата е подобро од останувањето во место со премногу луѓе. Вообичаено, би требале да го правиме ова како метод за релаксирање на нашиот мозок и поврзување на нас самите со природата.

Ајде да погледнеме за што ви зборувам преку неколку фотографии.
Ова е едно од најдобрите места кое е наречено Boğsak island, иако не е премногу големо, соодветствува на терминот остров. Имав навика да одам таму со моите пријатели, ќе запалевме оган на плажата, ќе готвевме, пливавме ноќе и заспивавме покрај огнот. Ако сте во потрага на мир, честитам, го најдовте.

bogsak-adasi-3-848x566

Ако сте за риболов или кампување овој остров е вистинското место. Можете да најдете друг кампер покрај вашиот шатор, наредниот ден, кога ќе се разбудите. Ова е див предел и затоа морето е чисто и бистро.

Исто така, тука има и област која е населена со водни желки, доколку имате доволно среќа можете да ги затекнете како се појавуваат над морето.

85293900

Почитувани читатели, дозволете ми да ви го претставам Акјар. Ова е местото кое го обожавам, особено во пролет, затоа што во тој период е празно и совршено да се отиде и да се прави скара и воедно да ја почуствувае водата на вашите стапала поставувајќи ја масата во вода.

akyar

Одам таму уште од моите рани 15 години со моите пријатели. За да стигнете до Акјар морате да поминете преку една патека која одзема малку повеќе време, затоа, ако планирате да го посетите ова место, понесете си се што ви е потребно со вас, пред да заминете. За малку ќе заборавев, во Акјар има и еден неверојатен рибен ресторан кадешто можете да вкусите риба и ракчиња.

Uğur Doğuş

Преведе: Ангела Рајчевска

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: