Локални активности

Завршна конференција на проектот “УЧЕЊЕ ПРЕТПРИЕМНИШТВО”

IMG_3254Волонтерски Центар Скопје, денес  18ти Мај 2017г. во конференциската сала на хотелот Холидеј Ин  по повод успешното реализирање на проектот „Учење Претприемништво“ организираше завршна конференција на проектот .

КултурКонтакт од Австрија како главен носител на регионалниот проект заедно  со националните партнери Министерството за образование и наука (МОН) на Република Македонија, Центарот за стручно образование и обука  и младинската организација Волонтерски Центар Скопје  вклучувајки ги  средните училишта  на територија на Република Македонија изминатата година успешно  спроведоа  модулите  на проектот„Учење Претприемништво“. Претприемништвото, на европско и национално ниво, се издвојува како клучна компетенција која придонесува за економскиот развој и личната исполнетост. Култур Контакт од Австрија заедно со експерти од Австрија, Косово, Македонија и Албанија, програма за обука на наставници и материјали за предавање/учење со нови иновативни методи и пристапи кон претприемничкото учење. Исто така е изработен  е прирачник на македонски  и албански јазик кои професорите ќе можат да го користат во текот на нивната настава.

На самата конференција  учество и свое излагање имаа претставници на  Амбасадата на Р.Австрија во Р.Македонија, нејзината Екселенција Ренате Коблер, Министерот за образование и наука Г-дин Пиштар Љутфиу, Г-ѓа Моника Мот- раководител за образование од КултурКонтакт Австрија, Г-дин Михаел Шернтанер-КултурКонтакт Австрија и Г-ѓа Ајше Селмани- Директорката на Центарот за стручно образование и обука  кои ги споделија резултатите од спроведувањето на овој  проектот, како и големата  важност  на Претприемништвото и градењето на идните млади претприемачи во Македонија.

Министерот Лутфиу  во својот говор нагласи дека претприемачкото образование е меѓу приоритетите на МОН и истотака дека е неопходно развивање претприемнички дух кај младите “Развојот на претприемништвото резултира со зголемување на креативноста, иновативноста и развој на нови производи и услуги кои поттикнуваат зголемување на конкурентноста и структурни промени во создавањето нови работни места”- рече  Лутфиу.

Амбасадорката Коблер истакна дека ова е уште еден пример на соработка меѓу Австрија и Македонија во образованието. Според неа, учениците кои имаат знаења по претприемништво имаат поголеми можности за вработување.

На конференцијата присуствуваа експерти, обучувачи, професори, преставници на младиснки организации и ученици.

Во текот на конференцијата обучувачите и професорите кои  го поминаа првиот циклус на обуки од  проектот „Учење Претприемништво“  се здобија со сертификатите за успешно завршени обуки.

Проектот „Учење Претприемништво“  на КултурКонтакт од Австрија и во текот на 2017година продолжува со реализирање и спроведување на обуки за професори  во организација на Волонтерски Центар Скопје.

Конференцијата беше затворена со музички настап на младиот музички бенд од СЕПУГС” Васил Антевски -Дрен” -Скопје.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s