Интервју

“И во фудбалот може да пресуди Жена”

Ангела Рајчевска  млад неуморен 22 годишен ентузијаст. Дипломиран новинар и воедно студент на постдипломски студии по Односи со јавност при Правниот факултет ,,Јустинијан Први’’ во Скопје. Волонтер во Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, член на Планинарски Спортски Клуб ,,Скопска Црна Гора”, и фудбалски судија при Фудбалската Федерација на Македонија.

18157094_10210891935006465_2841573959839656019_nВЦС: Жена фудбалски судија, што претставува тоа за тебе?

Ангела: За мене, жена фудбалски судија претставува достигнување, умешност и храброст. Жената – судија докажува дека талентот и техничките способности се на прво место, а тоа како човек изгледа е второ. Тоа е професија која ги руши сите стереотипи за жените и фудбалот, нуди многу можности и ги отвора сите врати во светот на најважната споредна работа – фудбалот.

13315405_10208085496567258_499962557552403911_n

ВЦС: Како се роди љубовта кон фудбалот и да се биде фудбалски судија?

Ангела: Љубовта кон фудбалот е зачната уште од мајкината утроба. Со татко фудбалер, кој во моментот на моето раѓање имал еден од своите првенствени натпревари, на кои подоцна без исклучок сум присуствувала, за мене природно прираснала таа игра. Практикувајќи уште од рани години, со другарките и другарите во моето маало, потоа и професионално, како дел од фудбалскиот тим на моето средно училиште ,,Никола Карев”, а подоцна и како дел од Женскиот фудбалски клуб ,,Единство”, фудбалот постојано бил, и е, моето прибежиште, играта во којашто уживам, ја сакам и ме исполнува.

ВЦС: Што треба да помине од обука еден фудбалски судија?

Ангела: Во суштина, обуката се состои од интерактивни предавања на 17-те Правила на фудбалска игра, разменувања на искуства од натпревари и на крајот официјално полагање на физички тестови и тестови на знаење. При првото успешно полагање на овие тестови се здобиваш со Привремена категорија која по одредено време и неколку отсудени натпревари во Општинските лиги како и Детската лига се здобиваш со Постојана категорија која со понатамошно полагање на овие тестови кои ги има на секои шест месеци, односно пред секоја сезона, се здобиваш со втора категорија, а подоцна, со исполнување на одредени критериуми и прва категорија со кои можеш да судиш во погорните лиги.

12916839_10207669988579818_256435575664711513_o
ВЦС:Маж или жена фудбалски судија, кој е подобар?

Ангела: Неважно, дали си жена, или пак маж, доколку работиш нешто што го сакаш и се вложуваш целиот во тоа, успехот е неминовен и, секако, подобар ќе биде оној што повеќе работи на себе и на остварувањето на своите цели.

18157835_10210891932966414_7556405254442906944_nВЦС: Реакции или интересни ситуации за време на фудбалски натпревар?

Ангела: Ги има многу, на дел од нив веќе и не се сеќавам. Нема да издвојам нешто конкретно, но ќе наведам дека се незаборавни оние проникливи детски очиња претворени во прашалници, кога девојка ќе застане да им ја дели правдата на некој натпревар, или, пак, честитките од поискусните колеги и фудбалски работници за некои клучни добри одлуки.

ВЦС: Дали судиш во тим со машко или со женско и во категорија на мажи или жени?

Ангела: Моментално судам во категорија на мажи, бидејќи се уште се немам здобиено со лиценцата во која влегуваат и категоријата прва лига жени, меѓутоа имам судено помлади категории и турнири во женски фудбал. Најчесто судискиот тим е мешан, но се случува и да бидам делегирана на натпревар на којшто судиската тројка е женска.

17966070_10210846411668410_5785806858075601927_oВЦС: На колку натпревари за колку тима имаш судено?

Ангела: До сега на терен се имам појавено околу 170 пати, не знам баш на колку натпревари точно, бидејќи се случува во еден ден да има и повеќе од 2 натпревари, меѓутоа, бројката е таа, 170 официјални денови исполнети со особена радост за време од 3 години.

ВЦС: Твое најдобро искуство?

Ангела: Секој натпревар е посебна приказна, посебно искуство. Од секој натпревар поединечно учам разни работи и се среќавам со различни моменти кои носат своја тежина и убавина. За најдобро искуство ќе го издвојам последното судење, односно учеството на Soccer Cup Antalya во Кемер, Анталија, кадешто се сретнав со една поинаква фудбалска култура, ниво на игра кадешто судијата како женско е фигура за восхит на којашто ретко и се даваат примедби. Навистина бев воодушевена, од начинот на игра, од однесувањето, од пријатната фудбалска атмосфера, од неверојатните услови за судење, од се’.
Среќна сум што избрав една ваква невообичаена професија којашто навистина ме предизвикува и исполнува. Ме мотивира и учи како да истраам, и најважното, ми овозможува да се грижам за фудбалот што за мене е игра што живот значи.

ВЦС:Идни планови и ангажмани на ова поле?

Ангела: Најскоро се стремам кон Републичката лиценца којашто ќе ми овозможи потоа да посегнам  и по  УЕФА и ФИФА лиценците кои ќе ми отворат многу врати и можности за напредување во понатамошната судиска кариера. Од ангажманите во блиска иднина ме очекува едно ново возбудливо искуство веднаш по завршетокот на овдешната фудбалска сезона, тоа е Norway Cup 2017, најголемиот светски фудбалски турнир во млади категории којшто се одржува секоја година во Осло, Норвешка.16649270_10210217605028637_4517170587533752646_n

Интервјуира: Ивана Анѓеловска

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s