Македонски

ШТО Е НАУКА?

1346370597860

Зборот “наука”, веројатноносинауммногуразличнислики: големучебник, белилабораторискимантили и микроскопи, астрономгледајќинизтелескоп, истражувачводождовнишуми, Ајнштајновитеравенкинапишанинатаблата, лансирање на спејс шатл…. Ситеовиесликисеодразинанекоиаспектинанауката, ноникојоднивнедавацелоснаслика, бидејќинаукатаимамногуаспекти:

Науката е знаење, но и процес. Во училиште, науката можеби најчесто ви изгледа како збир од изолирани и непотребни факти собрани во една книга, но тоа е само мал дел од целата приказна за науката. Исто така е важно да се напомене дека науката е процес на откривање и истражување, што ни овозможува оние „непотребни факти“ да ги споиме во една целина за да го разбереме светот на природата

Науката е возбудлива. Науката е начин на разоткривање и разбирање за сè што постои во Универзумот, за разбирање и функцијата на нештата во минатото, во денешницата и во иднината.

math

Науката е константна. Науката постојано се зголемува и ги надополнува своите досегашни знаења за Универзумот, што доведува до нови прашања за сегашноста и иднината. Науката никогаш нема да биде завршена.

Науката е корисна. Знаењето добиено од науката се користи за многу цели денес. Може да биде искористена да се развијат нови технологии, да се излечат болести, и да се справи со многу други проблеми.

Науката е глобален човечки потфат. Луѓето од целиот Свет учевствуваат во процесот за подобрување на науката, а исто така можете и Вие.

 

ЗОШТО ТРЕБА ДА УЧИТЕ ПРИРОДНИ НАУКИ?

Дали некогаш сте се запрашале зошто треба да учите природни науки во основно училиште? Многу ученици се прашуваат зошо мораат да ја учат толку рано, уште во основно училиште.

turtim

Други пак, не ја разбираат потребата од вклучување на природните науки во основното образование. Науката нуди одговори на различни прашања, кои си ги поставуваме од љубопитност, во нашето детство. На пример, зошто ли врне? Како функционира нашето тело?

Науката е исто толку значајна, колку и учењето на другите предмети како математика или историја. Природните науки се толку дисперзни, што нивно учење од најмала возраст, навистина би било во предност доколку сакате да го продолжите високото образование во оваа област. Овде, ќе дискутираме за некои поважни аспекти од нашиот живот кои ја  засегаат науката.

ГИ РАЗВИВА СПОСОБНОСТИТЕ ЗА ПОБРЗО РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ

Со учењето на науките, учите да размислувате логично и да решавате комплексни проблеми. Оваа е таа способност која ја поседуваат оние кои од своето рано детство започнале да учат природни науки и математика. Медицина, транспорт, комуникација и што уште не, е присутно поради оние луѓе кои ги искористиле своите знаења од науката во практика.

A general view of the Large Hadron Collider (LHC) experiment is seen during a media visit at the Organization for Nuclear Research (CERN) in the French village of Saint-Genis-Pouilly near Geneva in Switzerland

СВЕСНОСТ ЗА ТЕХНОЛОГИЈАТА

Да ги научите основите на работењето на уредите, ќе развие идеи кај вас за и вие да започнете со креирање и смислување на нешто свое. Дури и технологијата на употребата на телескопот, микроскопот и други уреди во лабораторија, ќе ви помогне во разбирањето на овие инструменти или пак способност да поправите одереден уред.

КАКО ДА ГИ КОНЗЕРВИРАМЕ ПРИРОДНИТЕ РЕСУРСИ

Сите аспкети на природата и животната средина имаат големо влијание врз нашите животи. Како ученик или студент, науката Ви овозможува да дознаете како функционира Земјата и како да ги искористите природните ресурси. Исто така, може да Ве научи каков ефект има недостатокот од овие ресурси и како може да се заштитат.Кога учите за дивиот Свет, ќе научите дека многу видови на животни, птици и инсекти се веќе изумрени, како резултат на недостаток на природни ресурси за нивен опстанок. Науката исто така ве учи како да ги рециклирате и повтроно да ги употребите ресурсите кои ги користите.

ГИ ЗАЈАКНУВА ВЕШТИНИТЕ ЗА ОПСТАНОК

Природните науки Ви овозможуваат да научите за различните временски услови, и Ве учи како најлесно да се приспособите на брзата промена на времето. Со ова стекнато знаење ќе научите што во природата може да се користи природно, а што не.Природните науки и математиката нудат многу можности за подобро дознавање на Светот во кој живееме, за микроорганизмите, за човекот, заживотната средина, за Земјата, за Сончевиот систем, за Универзумот…

 

Изработил: Дамјан Георгиевски                    мај, 2017

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s