Ерасмус+

Младинска обука “Freedom of learning”  во Латвија

 

TC RigaВо периодот од 30 април – 6 мај 2017 година, претставници на Волонтерскиот Центар Скопје присуствуваа на тренинг курсот: Freedom of learning, кој се одржа во Рига, Латвија како дел од Еразмус+ програмата на која присуствуваа 24 учесници од 8 земји и тоа: Латвија, Италија, Шпанија, Словачка, Полска, Романија, Македонија и Португалија. Една од главните активности на која беше посветено особено внимание беше дислексијата, образованието на лицата со дислексија и можностите за нивно кариерно унапредување.latvia 1
Дислексијата претставува специфична тешкотија при читање, пишување и спелување во ус­ло­ви ко­га ви­дот и слу­хот се со нор­мал­на функ­ци­ја и во ус­ло­ви на во­о­би­ча­е­ни ин­струк­ции за чи­та­ње да­де­ни од на­став­ни­кот или од ро­ди­те­лот. Дис­ле­кси­ја­та не е по­ја­ва ко­ја е вид­ли­ва и ко­ја мо­же­те да ја пре­поз­на­е­те до­де­ка раз­го­ва­ра­те со ин­ди­ви­ду­а­та што ја има. Ал­берт Ајн­штајн, То­мас Еди­сон, Исак Њу­тон, Але­ксан­дар Бел, Стив Џобс, Бил Гејтс, Џон Ле­нон, Ер­нест Хе­мин­гвеј, Вин­стон Чер­чил, Том Круз, Сел­ма Ха­јек се само дел од поз­на­тите лич­но­сти во исто­ри­ја­та што имале дис­ле­кси­ја.

Во рамки на активностите беше одржана посета на центарот за рехабилитација:  „Upesleju internātpamatskola – rehabilitācijas centrs“ кој воедно претставува и училиште/интернат за деца во рамки на чиј комплекс функционираат градинка, основно и средно училиште, со специјално опремени простории за различни активности: физиотерапија, солена соба, програм за домаќинско работење, преработка на дрво, релакс соба за деца со аутизам и сл. Центарот за рехабилитација кој годинава го одбележува својот 40-ти роденден е позитивен пример за грижа на општеството кон оваа категорија на деца, обезбедувајќи им соодветни услови за понатамошен развој и полесно адаптирање во општеството.

18209069_1464280883623052_1913087289103145514_oМислам дека е многу важно да се запознаат младите луѓе со дислексијата. Дислексијата е широко позната, но сеуште не се подражбира како специфична попреченост во учењето. Некои млади не можат да ги разберат своите или проблемите на пријателите. Овој курс го подразбираме како врсничка едукација за едукатори – луѓе од различлни земји  кои во своите организации ќе ги проследат знаењата и алатки за работа кои придонесуват до намалување на дислексијата или пак го олеснуваат животот на лицата со дислексција, нагласи г-ѓа Инара Клавина, член на одборот на Латвиската Асоцијација на  Логопеди – најголемата професионална асоцијација на логопеди во Латвија и член на одборот на Асоцијацијата  „Училиште за здрав развој“ од Адажи, Латвија.

latviaКако дел од проектот учесниците изработија прирачник со најдобрите практики за врсничка едукација (peer education) со цел покренување на свесноста кај луѓето за дислексијата и за останатите специфични јазични нарушувања. Во прирачникот сублимирани се и проектните активности кои учесниците специјално ги дизајнираа со цел интегрирање на таквите лица во активности преку кои тие на забавен начин, ќе учат и ќе се надоградуваат.

 

Михајло Донев

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s