Дивиот запад и коњи, или пак велосипеди?
Овој пат во Кочани, каубоите одбраа возила на две тркала и се справуваа со најразлични пречки. Организацијата Еко Логик организираше уште еден настан, кој беше фокусиран да го промовира возењето велосипед и да ги охрабри децата да спортуваат. 40 ученици од осум основни училишта од регионот на Брегалница, во источниот дел на Македонија, ги испробаа своите способности за возење велосипед на трака, а со самото тоа и други вештини, како: баланс и контрола, брзина и снаодливост.
На 25ти Мај, осум тимови од различни училишта се собраа на еден терен, за да се натпреваруваат во возење точак и да постигнат подобри резултати од другиот тим. Екипите беа измешани машки и женски ученици ,на возраст од 10 до 14 години. Тие имаа на располагање точно 90 минути. Иако Кочани не дочека со делумно облачно време, сепак не заврна, а потоа сонцето го направи своето и нѐ расположи сите. Можеше да се почувствува возбуда.
Сѐ на сѐ, 40 деца поминаа најразлични пречки, мостови, платформи и падини, за да се забавуваат и да ги тестираат своите способности. Училиштето каде што се оддржуваше овој настан, обезбеди голема поддршка, а на учениците исто така им беше укажано како да постапат во случај на незгода или повреда.
Учесниците успешно го завршија целиот полигон и предизвици кои се состоеја од неколку вежби за точак. Тие покажаа огромен тимски дух и заслужија подароци од организаторот Еко Логик
Вело Родео се организира по четврти пат по ред и секој пат, настанот се збогатува со повеќе вежби за учесниците. Вежбите се целосно развиени и планирани од страна на тимот од Еко Логик.
Нашите волонтери Александра Грзиб и Доминик Даниел беа дел од оваа активност како дел од тимот на логистичка поддршка, заедно со организацискиот тим.
Leave a Reply