Студиска посета во рамките на проектот “Brain Drain, Brain Gain + Circular migration”

4Минатата седмица (20-27 Мај 2017 година), во Скопје, Волонтерски Центар Скопје во соработка со стратешкиот партнер од Германија, МЕМОС, ја реализираше студиската посета, која претставува прва мобилност во рамките на проектот “Brain Drain, Brain Gain + Circular migration”. Оваа прва активност донесе на исто место 24 младински работници/лидери од Македонија, Германија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Проектот се спроведува со помош на грант од страна на Германската Национална Агенција, која е одговорна за спроведување на Еразмус Плус Програмата, финансиски поддржана од страна на Европската Комисија.

1За време на седумдневната посета, присутните младински работници/лидери дискутираа, споделуваа информации и размислувања, собираа податоци, развиваа идеи за активности на Европско и локално ниво, посетуваа институции и организации, креираа препораки и заклучоци, сето тоа поврзано со темите на проектот: одлив и прилив на мозоци и циркуларна миграција. За време на студиската посета во Мај, ние посетивме значителен број на институции и локални и меѓународни организации лоцирани во Скопје, вклучувајќи: Агенцијата за Млади и Спорт, Град Скопје, Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), 3 (2)Коалицијата на младински организации СЕГA, Национален Младински Сојуз- Куманово, Сојуз за младинска работа, Младиинфо интернационал, АЛДА, Меѓународнада организација на трудот, Меѓународната организација за миграција и Центарот за економски анализи. Сите посетени институции/организации ни понудија релевантни информации поврзани со темите на студиската посета, така што сите учесници имаа можност во целост да се запознаат со сликата за одлив и прилив на мозоци и циркуларна миграција во Република Македонија.

7Следни активности, кои ќе бидат имплементирани во рамките на проектот “Brain Drain, Brain Gain + Circular migration” се конференција, која е планирана да се одржи во септември во Градачица, Босна и Херцеговина, и евалуационен семинар, кој ќе се одржи следниот јануари во Нирнберг, Германија.

 

 

 

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: