Македонски

Од малата сала во Автокоманда до Европски Шампиони – Ајде, Ајде Вардаре!

 

vardarРК Вардар основан во 1961 година, како дел од Спортското друштво Вардар од Скопје. Своите поголеми успеси клубот ги остварува во последната деценија од минатиот век.

 

РК Вардар од Скопје е најуспешниот македонски клуб кој досега во Македонија има освоено 10 титули во домашното првенство ,победник на Куп и е постојано на врвот  во македонскиот ракомет. Тој е првиот победник на регионалната СЕХА Газпром лига каде има вкупно два триумфа.  На европската ракометна сцена РК Вардар за прв пат се појавува  во сезоната 1993/1994 во натпреварите од Купот на ЕХФ. Во ЕХФ Лигата на шампионите досега трипати стигна до четвртфиналето и тоа три сезони по ред, што досега не му успеало на ниту еден машки клуб во Македонија.
VArdar...Во овој РК Вардар играле најголемите ѕвезди на македонискиот ракомет како што се Пепи Манасков, Ванчо Јовановски, Аце Станковски, Љубомир Савевски, Драган Маринковиќ, Зоран Петковски, Игор Котевски,Стефче Алушовски, Бранислав Ангеловски, Марјан Колев, Кирил Атанасовски, и многу други
Последните години стандардно по неколку играчи од Вардар играат во националниот тим на Македонија, и секогаш има по неколку познати интернационалци. Тренерот на Вардар повеќепати бил и сeлектор на националниот тим на Македонија.

vardar 1Во сезоната 2013/2014 клубот добива нов сопственик Сергеј Самсоненко, кој го носи Шпанецот Раул Гонзалез  за тренер и селектор на РК Вардар, и кој ќе направи голем пресврт во македонската ракометната историја.

27ми Април 2017 во спортската сала “Јане Сандански”  која беше исполнета до последното место , околу 6500 гледачи  беа дел од моментот каде Вардарци одлучија  да ја смени ракометната историја на Македонија и да влезе во ” Final 4” победувајќи го германскиот  Флензбург со 35:27.

 

vardar 3На 3 и 4 Јуни 2017 во Келн , Германија , Вардарци го играа полуфиналето и финалето во Лигата на Шампиони на Европа каде за свои противници  ги имаа големите европски клубови Барселона и Пари Сен Жермен. Во полуфиналето Вардар за противник го имаше осумкратниот првак Барселона кој го победува со конечен резултат 26:25 .hand-ligue-des-champions-direct-le-psg-est-mene-par-vardar

 

Во  времетраење од 24 часа  влегува во финале со Пари Сен Жермен и во тежок и непредвидлив натпревар Вардарци го совладуваат францускиот првак и ја добиваат Европската титула  во свои раце – РК Вардар е Европски Шампиони во Ракомет 2017, момент кој е од големо значење за самиот клуб , најмногу за Македонија!

18920464_10155801778055348_5058301903534717297_nНа големо задоволство и радост кај земјите и од Балканот, но и голем шок за многу европски држави како од една мала држава како Македонија произлезе ракометен клуб кој е  Европски Шампион во Ракомет.

Македонија се радува и прославува, еуфорија која ќе трае со денови кај фановите, љубителите на овој спорт и кај целиот македонски народ кој е горд на овој градски клуб  кој од малата сала во Автокоманда  стана Европски Шампион!

 

18893191_1016856481785244_2753047026865095136_nЕдна Љубов, Еден Живот, Еден РК Вардар!!! Але але Вардаре!

Ти благодариме Вардаре што ни  ја овозможи оваа титула и радоста на Македонија!

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s