ШАХ – Игра на кралевите

s82-Hyde-drawing-india

Потеклото на шахот и оформувањето на играта како што ја знаеме денес

Според шаховските историчари, шахот е една од најстарите игри што сè уште постојати која потекнува од околу 6-от век.  Во тие времиња, Индискиот Раџа (крал) верувал дека војната е најефикасен начин да се научат вредностите како што се храброст, одлучност, издржливост и претпазливост. Поради тоа, се верува дека војната била избрана како модел на игра.

 

Најинтересната и најчесто повторувана приказнатврди дека светецот Сиса ја измислилиграта во дворот на индискиот цар, Балхат. Царот бил загрижен поради распространетоста на коцкањето и зависноста од игри на среќа. Тој го повикал Сиса и побарал од мудрецот да создаде игра која ќе бара ментални квалитети како што се внимателност, визија, храброст, одлучност, издржливост, претпазливост и аналитички способности и расудување, да се спротивстави на учењето игри во кои среќата, преку фрлање на коцка, е одлучувачки фактор.

IMG_27001Некое време потоа, Сиса се вратил во царскиот двор со табла (аштапада) чија површина се состоела од 64 квадрати со правила на игра не многу различни од оние според кои се водиме и денес. Имало две армии во различни бои и секоја се состоела од 32 војници, а целта била да се фати или убие царот на спротивната војска.

За играта биле потребничетири учесници, поради што била наречена за „чатуранга” што значи ‘четири тела’ кои биле слонови, коњи, бојни коли и пешадија. Другото име на играта била„аштапада” што значи ‘осум чекори’.

Според Сер Вилијам Џоунс, шахот под санскрит името „чатуранга” бил пренесен од Индија во Персија во 6-от век од н.е. и со природнатрансформација, во старо-персиски името станало„чатранг”.Кога подоцна Персија била освоена од Арапите, кои ја немале ниту првата ниту последната фонема во азбуката, тие го смениле името во „шатранџ”.

chess-02

 

Персискиот поет Фирдуси, во неговата историска поема, „Шахнама”, зборува за  воведување на шатранџ во Персија во времето на Чосрос Први Ануширван, на кој амбасадорите од суверен Хинд (Индија) го посетиле со шаховска табла барајќи од него да ја реши тајната на играта, ако може, или да ѝ оддаде почит. Царот побарал рок од седум дена, за кое време царските мудреци залудно се обидувале да ја откријат тајната. Конечно, царскиот министерги зел фигурите дома и ја открил тајната во еден ден и една ноќ.

Шатранџ, како  што посочува Форбс, е странски збор за Персијците и Арапите, додека неговото природно потекло од поимот чатуранга е очигледнo. Дури и зборот „шах-мат” е изведен од персискиот збот‘Shah-mat’, што значи „кралот е мртов”. Преводот на овој термин на санскрит би бил кастра мрута (Khastra Mruta).

chess-12-638

 

Поминале 1400 години пред играта да стигне до западниот свет. Маврите ја однесле во Шпанија, а Италијанците ја научиле од Сарацените со извонредна брзина.

Во Индија, кралот и неговиот везир ги предводеле шаховските фигури т.е. кралската армија составена од слонови, коњи, бојни коли и пешадија, во битка. Во европската верзија на играта, везирот станал кралица, и во текот на историјата индиските слонови станале попови, а бојните коли –топови.

Топ е сет од две фигури што се користи во шах. Топот е сличен на Индиската бојна кола, која ги заштитува крилата на војската. Англискиот термин (rook) потекнува од персиски збор „roth” (рот) што значи војник. Персискиот термин потекнува од индискиот „Rukh”, што се претпоставува дека потекнува од санскритскиот збор „Rakshak” што значи ‘заштитува’.

Попво шахот меѓу Персијците бил наречен Пил (слон), но Арапите бидејќи ја немаат буквата п во своето писмо, ја нарекле фигурата „фил”, или со определен член, „Ал-Фил” (слон). Тој евториот по команда и сила,и советник или министер на кралот.

463909423

Слонот билпретставен сониска исправена фигура со длабокрасцеп на врвот, симболизирајќи гибивнитеод ова животно. Оваа форма била погрешно толкувана како шутска капа во Франција и како епископска митра во Португалија, како и во многу земји од англиското говорно подрачје.

 

Кралица е фигура која застана на шаховската табла во Европа каде што жените немале така подредена улога како во Ориентот, каде истата фигура е претставена како „кралски советник”. Модерната фигура е заоблена, а низ историјата истата претрпелапромени на името, полот и моќта. Во шатранџ, оваа фигура било наречена фирз или фарз што значи советник или генерал.

 

Коњоткако симбол ги претставува доблестите на витештвото со грива развеана од ветрот.

 

Името на фигурата во многу западноевропски јазици е познато како витез, и коњот се асоцира со коњаник – јавачот кој ја предводи коњаницата на армијата.На англиски јазик е познат како Knight, нафранцускиCavalier, Cavaliere на италијански, Springer на германски, итн.

 

Карактеристиките на сите шаховски фигури се фино потенцирани во шаховскиот сет Стаунтон.

Рамката на играта останала фиксна од овој период натаму. Тоа е квадратна табла на која хоризонтални и вертикални ленти се испреплетуваат под прав агол формирајќи осум реда со осум полиња. Полињата на традиционалните табли секогаш се сметаат за црни или бели, исто како и шаховски фигури кои стојат во нив, без оглед на нивната боја.

 

Многу еврејски и христијански научници играле шах. Раната христијанска црква ја осуди играта, што укажува на степенот на нетолерантност на средновековниот начин на размислување кој преовладувал во текот на тој период.

 

Шахот се игра во многу источни земји, што покажува дека играта има интернационални љубители. Веќе 500 години шахот се игра во Европа со правила наследени од муслиманите. Но, помина долго време пред да се може да се игра целашаховска игра бидејќи повеќето играчи се ограничуваа на решавање на одделни позиции. Во подоцнежниот дел од Средниот век, водечките шпански и италијански играчи предложиле убедливи промени во правилата кои значително ја скратиле играта.

 

До крајот на 15. век, новите правила биле прифатени во сите европски земји, а постепено и ориенталните земји го следеле примерот. Бидејќи играчите насекаде претпочитале пократка игра, во текот на 100 години шахот повторно се играше со исти правила на скорониз целиот свет. Поради својата првична репутација како омилено интелектуално хобина кралевите и аристократијата, шахот е исто познат како кралската игра.

 

 

Текст на англиски: Уур Доуш

Превод на македонски: Ајрин Манн

 

 

 

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: