Вторник 20.6.2017
Thievery Corporation на Skopje Calling 2017 // Стадион на АРМ почеток 20:00часот
Еден од највозбудливите и најквалитетни бендови од светската концертна индустрија, Thievery Corporation доаѓа во Скопје, како специјално отворање на фестивалот Skopje Calling 2017. Концертот ќе биде на отворено и ќе се одржи на стадионот на АРМ.
Влезниците по цена од 990 денари ќе бидат пуштени во продажба од 15-ти мај, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн.
Thievery Corporation во Скопје доаѓаат во комплетен состав, со над 20 музичари на сцена.
Скопје може да очекува вистински спектакл!
Welcome Summer // Public Room почеток 20:00часот
Се чека летото, се радуваме мислејќи на плажа, сонце, oдмор, шорцеви, фустани, шешири, светулки, штурци, а и помирно Скопје ~
По тој повод да им посакаме добредојде на овие убави денови кои следат, заедно со Tuborg!
Уживање со чаша ладно пиво, цел ден, на 50% попуст!
Годишен концерт на Битрикс Културно Уметнички Центар // МКЦ почеток 20:00часот
Битрикс Културно Уметнички Центар ве поканува на својот завршен концерт, кој е едно од најубавите случувања во годината за нив. Оние кои се уште не испланирале каде ќе одат овој вторник, бидете во 20:00h во Кино Фросина – МКЦ. Цената на билетот е 150 ден.
Whisky & Jazz – Tonal // Гаража бар почеток во 20:00часот
Оваа недела програмата во Гаража бар започнува со добрите jazz звуци на jazz гитаристот – Tonal.
Промо:
Ballantine’s // 100 ден.
Среда 21.6.2017
Simply Me // Цреша Бар почеток 16:00ч
Изложба на колекција накит насловена “Simply Me” есен/зима 2017/18 автор Ikonyja Hand Made Accessories. Повелете на добра забава која ке трае цело попладне. За незаборавната журка главна и одговорна Dj Melani Digit.
Слаткаристика, pena party // Бла Бла Клуб почеток во 20:30часот
За прв пат ова лето настап на Слаткаристика.
По втор пат најдобрата pena party во градот заедно со Dj Che и долго очекуваниот Слаткар на Градска плажа (Бла Бла клуб).
Карти во претпродажба 250 ден.
Вагинални монолози // Социјален Центар Дуња почеток 21:00ч
Денес, повеќе од било кога, ни треба револуција… Револуција за конечно ослободување на жените од насилството, неправдата, дискриминацијата… со кои секојдневно се соочуваат.
Ако сакате можете да бидете дел од оваа револуција…
„Вагинали монолози” е дело напишано од Ив Енслер кое за прв пат е изведено во 1996 година во Америка. Истото во Македонија се организира по петти пат во продукција на неформалната група на граѓани VDay.
Влезот е со препорачана донација од 100 денари.
*Сите собрани средства ќе бидат донирани директно на жени жртви на насилство кои се социјално загрозени.
Хуманитарна „Не се клади на Енглези” // МНТ почеток во 21:00часот
Претставата „Нe се клади на Енглези” на 21 јуни во 21:00 хуманитарно ќе се одигра на големата сцена во МНТ, а собраните сретства ќе бидат донирани за лекување на малиот Гоце Марковски кој боледува од тумор на мозокот и 24 годишната Марина Јовановска со ретка болест на очите која доведува до слепило.
Биди хуман! Повеќе информации за претставата
http://mnt.mk/pretstavi/ne-se-kladi-na-englezi
Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ и преку online мрежата Купи карти за се, по цена од 300 ден.
https://www.kupikartizase.com/Events/ne_se_kladi_englezi_22_04.
Сектор 909 за Скопје Зоо // Сектор 909 почеток во 23:30часот
На 21ви јуни Сектор 909 по две години пауза, повторно ќе ги отвори вратите за својата публика. Како што наложува традицијата, отворањето е со хуманитарна забава за Скопската зоолошка градина. Досега беше донирано коњчето Флекица, дресирано за помош и релаксација на аутистични деца, а веќе наредната година беше донирана и опрема за децата да можат комплетно да уживаат. Сектор 909 ветува дека ќе ја промени моменталната енергетска состоја и ве покануваат да уживате во квалитетот на звукот и светлото какви не се паметат во историјата на скопскиот ноќен живот.
Четврток 22.6.2017
Будни со книга // Булевар на книгите: почеток 19:00часот
Драги читатели, членови на Клубот и љубители на книгата. Подгответе се за уште една Ноќ на книгата.
Да за Книга до 24:00h.
Летото може да започне!
Четврток, 22 јуни на Булеварот, повеќе од 2000 наслови со 50% попуст.
Промоција на „Годините кога научив да летам“ од Евгениј Хоуп // Булевар на книгите почеток 20:00часот
Во четврток, 22 јуни, во 20 часот, на Булевар на книгите ќе се одржи промоција на романот „Годините кога научив да летам“ на нашиот авантуристички патник и автостоперски номад – Евгениј Хоуп.
„Годините кога научив да летам”
Што е тоа дом? Што значи да се биде вдомен? Прашања што ќе го натераат дваесет и петгодишниот Михаил да се впушти во една животоменлива потрага, која започнува откако на едно од неговите автостоп патувања ја запознава глувонемата Алма Свенсон. На последниот ден од нивниот заеднички престој, девојката исчезнува, како никогаш и да не постоела. Барањето на нејзиното присуство завршува со наоѓање на едно книжуле со неколку скинати страници, посветено на некаков утопистички остров.
DNB MK // Бла Бла Клуб почеток во 21:00часот
Официјален старт на нов серијал на драм енд бејс забави наречен „DNB MK”, a главен акцент ќе им биде оставен на домашните џангл и драм енд бејс дји. Забавата ќе се одржи во Бла Бла Клуб, кој се наоѓа на градската плажа во градскиот парк.
Настапуваат: VASO ♦ BAD PROPAGANDA ♦ GAMEOVER ♦ BLAGORODNA ♦ IUNA ♦ STONE MONKEY.
Влез: 100 денари.
“Види музика, слушни слика, добиј книга! “// МКЦ почеток во 21:00часот
Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар ве канат на магично патување!
Во Градскиот парк во Скопје, под отворено небо, ќе ечи музиката на една од највлијателните музички групи на сите времиња – „Пинк Флојд“!
Јубилејниот, десетти спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга!!!“, ни ги носи вечните теми на музичката четворка и тоа со симфониски оркестар!
Диригирање и аранжман: Џијан Емин
Солист: Ади Имери – вокал и гитара
И годинава на подарок добивате добра книга – „За одењето по мраз“ од Вернер Херцог, а мелем за очи повторно ќе бидат ликовните перформанси, овојпат на уметниците Јулијана Гешовска и Илија Спасовски-Чендо.
146-D Galaxy Connection – Episode 2 // Капан Ан почеток 23:00часот
146-Д галактичка конекција по втор во најексплицитното место на земјината топка.
Водичи низ галаксијата ќе бидат:
◆ Kay-Ahuasca ◆/ LOOMYNUM ART Rec. (Swiss)
https://soundcloud.com/search?q=kay-ahuasca
◆ Mr.Samoa ◆/ LOOMYNUM ART Rec. (Swiss)
◆ Shangri ◆ / V.I.R.U.S Rec. (Swiss)
https://soundcloud.com/shangri-tunes
◆ Psoma ◆ – Stereohemia Rec. (Mk)
https://soundcloud.com/psoma-uminum
◆ Salidelic (Mk) ◆
https://soundcloud.com/salidelic
DECO by
LUNAR DECO (Forestdelic, Mk)
https://www.facebook.com/Lunar-Deco-410406372393215
Влез: 200 ден.
The Ringtones // Клуб Маракана
Во четврток, Рингси во Маракана! Почеток: По полноќ
Влезот е бесплатен со претходна резервација до 01:00h.
Резервации по SMS на: 075 274 032
Петок 23.06.2017
Martin Garrix на Skopje Calling 2017 // Стадион на АРМ почеток во 20:00часот
Martin Garrix, за прв пат како Светскиот број 1 Диџеј доаѓа во регионов и тоа како хедлајнер на фестивалот Skopje Calling 2017.
Btkrsh Presents: Audio Portmanning (Live) // Капан Ан почеток 23:55часот
Btkrsh со особена чест и задоволство Ве кани на промоција на изданието “Temperatura” на велешкиот мултимедијален артист Audio Portmanning.
Audio Portmanning е Александар Трајковски, роден 1975 година во Велес. Неговата прва љубов – музиката, започнува уште во почетокот на 90тите со свирење во локалните панк-рок бендови во Велес: Dr. Martens, Lacky Strike и Black Tulip.
Како мулти-инструменталист, неизбежна е и соработката и настапи со велешката авангардна група на музичари и бендови: A.C.E – TONE, Ed & Caravan Serai.
https://arithmeticloop.bandcamp.com/album/temperatura-lp-aml004
Вечерта со диџеј сет ќе го отвори Martchin, а за визуелизациите ќе биде задолжен велешкиот визуелен артист Edit Points.
Влез: 150 денари.
Bandix // Клуб Маракана
Blame it on the boogie! Во петок журка со Bandix во Маракана!
Почеток: 01:00 h
Резервации: 075 274 032
Сабота 24.6.2017
Blagoj Nacoski in Mozart’s Requiem // МОБ почеток во 21:00часот
Волфганг Амадеус Моцарт
Реквием
Ана Дурловски – сопран, Ирена Кавкалевска – мецосопран, Благој Нацоски – тенор, Владимир Саздовски – бас, Диригент: Иван Еминовиќ, Режисер: Дејан Прошев , Хорот и оркестарот на МОБ
IceCreamFromSaturn in Тran3it // Бла Бла Клуб почеток во 23:59часот
Температурите на студениот Сатурн се во пораст. Психоделичните сладоледни топки започнаа да се топат и транзитираат кон Земјата…
Спремете корнети!
Icfs in Тranzit:
Oldboy a.k.a. Ж’ба – iced techno set
https://www.mixcloud.com/zarkopejkovskizba/
Oniro – promo new EP “Eleven Eleven” Profound rec.India +Dj set
https://soundcloud.com/oniro-icfs
Yovie – Synchrosphere Dj set
https://soundcloud.com/syncrosphere-1
All eternity is our playground!
Влез: 150 денари
Aérea Negrot // Епицентар почеток во 23:59часот
Пријатели, конечно, во Скопје, глас кој убива – Aérea Negrot. Пејачка, продуцент, диџеј и композитор во магична ламба.
https://www.residentadvisor.net/dj/aereanegrot
Локална поддршка: Sonja Ismail (https://www.mixcloud.com/sonjaismail/)
Гостин: The Mountain (https://www.mixcloud.com/pspasovski/)
За време на журката, во тоалетите на клубот ќе биде поставена изложба на фотографии „Со окото на маргините”.
Влез: 200 ден.
Недела 25.6.2017
BBQ Party #4 // Public Room со почеток во 12:00часот
BBQ Party #4 , уште едно опуштено неделно дружење на отворено.
Овој пат покрај подготвена тераса, извадена скара и добро оладени пијачки ќе има и џез свирка.
Со клавијатурите на Гордан Спасовски и гитарата на Зоран Костадиновски ќе се ужива во омилените џез стандарди!
Правилата на игра остануваат како и на изминатите 3:
Секој си носи месо по избор, кое шефовите во Public Room го зачинуваат и го подговуваат на грил на најдобар начин.
Тимот на Public Room се грижи за набавка на доволно ладни пива, вина, ракии, сокчиња и коктели за 100че! Дрес-код: Вашите најкомотни бермуди, апостолки и памучна маичка.