Култура

Зимата доаѓа!

Baikal lake

 

На почетокот на оваа статија морам да Ве предупредам, мојот живот започна на многу студено место во светот. Можеби во главата си замислувате пингвини и ледениот брег на Антарктикот? Не, не сте во право и сте толку далеку од вистината. Можам да Ве измачувам со загатки колку што сакам, но тоа ќе биде толку здодевно за сите мои читатели. Дозволете ми да ја започнам мојата приказна за лудиот Сибир и Далечната Источна пустина!

Oymyakon - pole of cold

Русија е една од најголемите земји во светот и јас сум роден таму. Нема да ви кажувам за сите официјални информации за мојата влада – можете да го пронајдете сето тоа на Википедија. Само една забелешка ќе биде доволна – имаме повеќе од 180 етнички групи со различни видови на убавина (појава, изглед, лице, боја на кожата). Сибирскиот и Далечниот Источен дел од Русија се протегаат на Азискиот континент и од историското време до сега, оваа локална резиденција припаѓала на Азијците. Климатските услови се карактеризираат со многу студ и во некои региони имаме и мраз.
Winter in Yakutia

Луѓето секој пат ме прашуваат: “Како можеш да живееш на ова место?”. Одговорот е многу лесен. За нас тоа е сосема нормално и ние знаеме како да преживееме кога надвор има -50 степени. Но, во останатите региони има различен максимум на температурата. Ако престојувате во арктичкиот дел на Русија, тоа  нема да биде толку пријатно, бидејќи на зима ќе ја искусите поларната ноќ – сонцето исчезнува речиси еден месец. Но, во јужниот дел, вообичаено е да има кратка и топла (-30 степени) зима од пет месеци. Природата во Сибир и Далечниот Исток е толку мултидимензионална: од Тајга до пустина.

Ivolginsky Datsan

Во цела Русија имаме 22 републики, тоа би требало да биде навистина огромна статија, пишувајќи за сите нив, но jas сакам само да Be запознаам со најинтересните места во Азискиот регион: Јакутска Република и Бурaтска Република. Секоја република има сопствени симболи за Уставот и владата – знаме и грб. Плус за сето ова – вториот официјален национален јазик е на еднаква основа со рускиот јазик. Многу луѓе имаат прадедовци и прабаби, кои биле протерани од сегашната Естонија, Латвија, Литванија, Украина, Белорусија, Молдавија, Полска и Германија. За жал, Јосиф Сталин бил дел од нашата историја… Но, да продолжиме со останатите републики!
Traditional Yakut people clothes

Јакутската република е позната бидејќи тука се наоѓа Верхојанск и Ојмакон, каде што некогаш било -67,8 степени и -77,8 степени. Не сите луѓе се подготвени да го посетат главниот град на Јакутц во зима. Можеби не е најстуденото место во светот, но сепак не е и топло (-50 степени). Луѓето од Јакут имаат интересна приказна за напредокот во јазикот и етнографијата. Голем дел од правописот бил направен кон крајот на XIX и почетокот на XX век од страна на протерани интелектуалци од западниот дел на Руската империја. Еден од најпознатите бил полскиот протераник, Едвард Пекарски. Тој го основал првиот основен речник на Јакутски јазик. По ова била формирана Јакутската литература, официјалното писмо и со тоа и интелектуалниот развој на необразованите мажи и жени. По повеќе од сто години можеме да кажеме дека – ова е еден од најпрогресивните региони во земјата каде што има најмногу успех во светот.

Buuz - traditional Buryat people food

Буратската република е популарно туристичко место. Многу патници од целиот свет доаѓаат во Улан-Уд и се обидуваат да го почувствуваат автентичниот живот на луѓето од Бурат. Тука се наоѓа најпосетуваниот будистички храм во Русија – Иволгински Дацан. Во центарот на градот можете да ја видите најголемата статуа од главата на Ленин. Буратската традиционална кујна е богата со разновидност од оброци – најдоброто од нив е “Буз”. Ова е парен кнедл исполнет со месо. Секој кој го пробал ова јадење, се заљубил и сигурно се обидел да го подготви дома. И на крајот сакам да кажам зошто луѓето го избираат токму ова место за прошетка во слободното време. Во оваа република се наоѓа Бајкалското езеро – најголемото слатководно езеро по волумен и најдлабоко во целиот свет. (неофицијалното име е Сибирско Море). Можете да дојдете тука во текот на летото или зимата – погледот секогаш ќе биде прекрасен! Добредојдовте во Сибир и Далеченниот Исток!

 

Автор: Ајсен Брагин

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s