Култура

Охридско езеро- парче рај

lake-ohrid-in-macedonia

Македонија, мала земја исполнета со природни убавини. Растејќи овде може да дишете чист воздух и да пливате во чистата вода на прекрасните езера. Може да се искачете на планините или да возите по патишта опкружени со дрвја.

13600155_10207042726682949_6045996666880323620_n

Си го берете сопственото овошје и зеленчук и ги собирате цвеќињата од сопствената градина. Таа е мала земја што го одзема здивот. Охридско езеро е најголемо од трите природни езера. Тоа е едно од најдлабоките и најстарите езера во Европа. Кога размислувам за Охрид мислам на мирните и проѕирни води и практично магични глетки. Опкружен со 365 цркви градот Охрид е приказна самиот за себе. Но езерото е срцето на градот. За мене беше најубавото нешто кога растев секогаш кога ќе го посетевме Охридското езеро. Сега кога сум постара, се уште се радувам на таа помисла.

Ohrid_Lake05

Кога денот е топол, градот е полн со луѓе кои се капат, кои пијат и јадат. Разладената вода е проѕирна и ве повикува, погледот кон карпите е преубав  и го води делот од плажите се до црквата Св. Јован која мора да се посети кога сте во Охрид. Било да сакате да нурнете во магичната вода опкружени со ендемичниот еко-систем, да скокнете од планините со параглајдер над сините води или само да седнете на плажа и уживате, Охрид ви нуди се’. Ова е само дел од тоа што може да се доживее во Охрид. Не двоумете се да поминете во до ова мало парче рај. Верувајте, сум била и вредеше премногу.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s