Интервју

Интервју со Еди Мука

 

Edi Muka b

СО ТЕХНОЛОГИЈАТА НИ СЕ ПОНУДЕНИ ИЗОБИЛСТВО ОД ПРОСТОР И ПЛАТФОРМА

Еди Мука беше во Скопје за јавната дебата „Инвестирање во уметноста/културата или можности за демаскирање“ од програмата „Совршениот уметник“ курирана од Ивана Васева. Тој е еден од најпроминентните куратори во Европа. Тој беше коосновач и директор на биеналето во Тирана; ја ко-курираше третата едиција на „Интернационалните уметнички средби“ во Меделин, Колумбија; го курираше заедно со Јоа Лунгберг четвртото издание на „Гетебург интернационалното биенале“; бил куратор на „Рода Стен Кунстхол“ во Гетебург; од 2014 тој е куратор на „Агенцијата за јавна уметност“ во Шведска…

– Во вашиот коментар за време на денешната дискусија вие спомнавте дека за време на 90ите кога на Албанците им биле неопходни визи, уметниците биле последните кои ги добивале; уметниците тогаш не можеле да патуваат речиси никаде.

Кој од светот на уметноста, ЕУ и од различните западни општества покажа емпатија кон Албанските уметници тогаш?

Edi Muka c

 

Добивањето на визи тогаш беше секогаш постигнато низ различни индивидуалци кои беа вработени во различните западни амбасади; во зависност од тоа колку беа пресретливи и заинтересирани за културата и за уметниците. Ова беше вака и заради шенгенскиот договор според кој доколку добиете виза за една земја можете да патувате и во другите. Ние секогаш го користевме овој вид на директен однос. Културното аташе беше отворено за соработка, значи можеше да се побараат визи за уметниците. Тогаш тие можеа да патуваат таму каде изложбите се случуваа, значи и во другите земји истотака.

– Не можете да се сетите на ништо друго по однос на ова? Не- немаше ништо и никој друг. Тоа беше личен однос.

Edi Muka d

– Како ја дефинирате културната и уметничката мапа на Европа сега? Можете ли да ја поделите на северен и јужен, и на источен и западен дел? Или мислите дека сега сè стана дел од глобализацијата, дури може да се каже дека сè се претвори во една пан-атланска појавност...

Зависи на што прецизно мислите- продукцијата или продуктот. Во организациска смисла на пример во нордиските земји државата покажува поголема поддршка кон уметниците, во јужните не толку, во Америка не ни има министерство за култура. Ивана (Драгшич) го спомна терминот прекаријат. И јас мислам дека овој термин важи за уметниците на глобално ниво. Во некои земји има подобри механизми за поддршка; во смисла дека овие механизми не се за заштита на уметниците туку само за нивна поддршка. Во други земји пак овие механизми не постојат воопшто. Но секогаш има други видови на разлики. На пример во Северо-Западна Европа има институционална поддршка, но таму го нема она нешто што се нарекува голем пазар на уметностите. Во Југо-Западна Европа, во Италија на пример, нема институционална поддршка, но има голема галериска сцена која обезбедува можности. И двата системи во својата суштина се проблематични бидејќи се чини дека имаат некоја врста на диктат во кој уметниците мораат да го структурираат начинот на кој делуваат. Но пак позицијата на уметникот останува иста- еден прекаријат низ целиот свет.

Edi Muka a

– Како ја гледате функцијата на технологијата во денешната кариера на уметниците, така да се каже? Дали таа помага – сега кога уметниците имаат помалку простор или можеби помалку пари за да се изразат? Или можеби гледате на ова на еден поинаков начин; бидејќи некои велат дека, на пример- компјутерските уметности се иднината, благодарение на компјутерите уметниците ќе имаат повеќе пари?

Но јас не сум не сум една технололошки многу развиена личност. Исто така не знам многу за уметниците кои работат со технологијата. Мислам дека технологијата помогна многу на начин дека со неа може да се комуницира во врска со тоа што го правите. Со технологијата ни е понудено изобилство од простор и платформа. Исто така има има и еден друг аспект- со неа можеме да бидеме информирани подобро и побргу од претходно- на начин дека секој  може да биде подобро информиран што другите уметници и институции прават. Значи како средство за комуникација таа е добра, но не секогаш фундаментална; сè до сега таа нема предизвикано никаква радикална промена во начините на кои уметниците успеваат, ни најмалку.

Edi Muka 3

 

– Како би сте ни го дефинирале регионов; како медитерански, или како бивш социјалистички или бивш комунистички амбиент за уметниците? Како би сте го дефинирале во смисла на неговата естетика?

Би сум настојувал да не ги употребам тие категории. Но доколку би сум морал би го употребил терминот- балкански уметник и балканска естетика.

– Каде сметате дека е местото на волонтирањето бидејќи многу поставки, изложби како дури и овој настан можеа да бидат организирани благодарејќи на фактот дека многу луѓе сакаа да работат за ништо? Дали го гледате ова како нешто многу важно за иднината на уметноста во Европа? И како гледате на ова споредбено со просторот во нордиските земји?

Уметничкиот свет како и сè друго не би функциониал без волонтирање. Некои земји како нордиските имаат подолга традаиција за ова. Значи по однос на ова некои се подобри но некои се покреативни.

– Што мислите за уметничката сцена во Македонија вклучувајќи го и овој настан?

За мене уметничката сцена е сеуште непозната. Но вие минувате низ многу важен момент, културно како и политички. Имате нов министер за култура кој е свесен за многу комплексната ситуација. Луѓето кои ги запознав се многу фини и оваа дискусија беше организирана навистина одлично.

Интервјуист и Фотограф: Игор Поп Трајков

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s