Арус, Данска…Местото каде што ние, Рушид и Кристина, од Скопје, Македонија, заеднички го започнавме нашето едногодишно ЕВС искуство, почнувајќи од Јуни оваа година. Помина малку повеќе од месец дена одкако започнавме да живееме во Арус и веќе имаме безброј искуства и импресии за споделување.
Па ајде да зпочнеме од почеток. Тукушто пристигнавме во Арус првиот дени веќе бевме импресионирани од природата што го опкружува градот. Се чувствувавме како да не дојдовме во вториот по големина град во Данска, туку некаде во периферијата. Паркови, дрва, зелени површини се забележуваа насекаде во градот…дури и воздухот беше поинаков, ладен и свеж. И со оглед на фактот дека Арус е истотака „најмладиот“ град во Данска со илјадници студенти од светот коишто доаѓаат да студираат и работат тука, веднаш можеше да се почувствува динамичниот живот кое што ова место го нуди. Будејќи денот кога пристигнавме беше прилично сончев, речиси сите кафичи барови и јавни места беа полни со млади луѓе коишто уживаа во слободното време со книга, пијалок или храна. Повикувачка атмосфера не чекаше да се придружиме..и секако дека го направивме тоа, кафе и сендвичи во градскиот парк беше првото искуство за нас во зелениот Арус.
Понатаму, додека шетавме во градот можевме многу лесно да забележиме дека велосипедската култура претставува навистина голема работа во Арус, и Данска воопшто. Така, си купивме велосипеди од „втора рака“ уште во првите неколку дена одкога пристигнавме и набрзо свативме дека има велосипедски патеки коишто ги поврзуваат речиси сите места во градот. Всушност, имавме прилика да искусиме дека тука да возиш велосипед си многу попривилегиран одколку да возиш автомобил или да избереш автобус/воз како транспортно средство…а плус е и многу позабавно! Па така, кога започнавме да го истражуваме градот во следните неколку седмици, преку ден откривавме неверојатни песочни плажи, а навечер гоистражувавме ноќниот живот. Во Арус има барови пабови и клубови за сечиј вкус а во повеќето од нив можеда се играат најразлични социјални игри, како на пример пинг-понг, фудбалче, пикадо итн..и се тоа додека трае забавата. Не може да биде подобро од тоа,така?!
Покрај тоа што уживавме вопрекрасниот Арус, истотака бевме многу нестрпливи да го започнеме нашето волонтерско искуство во Aarhus Global Media(AAGM). Со оглед на тоа што нашиот ЕВс проект вклучува работење како новинари и организатори на настани прикажувани на различни медиуми како ТВ и радио, нашето прво работно искуство беше поврзано со волонтирање на NorthSide Festival. Всушност, се работи за 3-дневен настан, еден од најголемите и најпознатите фестивали во Данска. Беше навистина интересна можност да се научи како волонтерите можат да играат важна улога во организацијата на целиот фестивал. Понатаму, учење како да се снима со професионална видео камера, да се направи интервју во ТВ студио, какои во радио станица, да се уреди медиумски продукт подготвен за емитување, беа само дел од предизвиците со кои ни не можевме да си замислиме дека ќе треба да се соочиме.Последователно, како дел од процесот на обука, имавме можност да го покриеме „Aarhus Volume Festival“ и „Somali Culture Festival“. Па така, за време на овие настани имавме можност да ги практикуваме новостекнатите вештини на снимање со видео камера, како и да искусимекако е да се интервјуираат гости, говорители и организатори на настаните..и сето тоа за прв пат во животот. Тоа беже навистина едно неверојатно и единствено искуство кое што ни даде мотивација да научиме уште повеќе за медиумската работа.
За крај, бидејќи Арус е избран за европски град на културата за 2017 год., многу културни, уметнички и едукативни настани веќе се случуваат низ градот оваа година, па така со нетрпение очекуваме да учествуваме, но и да покриеме дел од овие настани.
До тогаш, уживаме во летото во Данска. Поздрав !
Кристина Димитрова, Рушид Махмуд
Leave a Reply